Партнер во нашите авантури

Share

Торксовите на ДММ

-03.09.2012г., Игор Т.

Горам што побрзо повторно да одам на качување на карпите околу Прилеп и среќен сум што можам да го најавам ова: збогатена е понудата на алатки за пасивно обезбедување во продавницата на Outdoor.mk. Достапни се торксовите на компанијата во чие лого стои, „Качувај сега, работи подоцна!“: Велшката ДММ.

Велшаните гордо изјавуваат: „Ние сме сите качувачи кои во своето срце го имамe чистиот начин на качување и потполно разбираме дека поставувањето на сопствено обезбедување во качувањето е вистинска уметност.“

Опкружени со локалитети каде традиција е „традицијата“, тие се посветени на пронаоѓање и усовршување на разни алатки за обезбедување со различни форми, големини, намени... Додаваат: „Какви и да најдете пукнатини во карпата, сигурни сме дека некои од нашите чокови ќе бидат најдобар можен избор.“

Торксови


Големите чокови преку торксовите на ДММ еволуираа многу и тие се навистина многу полесен и пософистициран одговор за обезбедувањето при качувањето на големи пукнатини: торксовите се модерни хексови кои благодарение на својата форма овозможуваат покривање на  различни големини и форми на пукнатини, а дуплата гуртна која доаѓа со нив, дава можност за продолжување на точката за обезбедување и намалување на влечењето на јажето.

Сетот торксови доаѓа во четири димензии и се покриваат големини на пукнатини од 30мм до 69мм и тоа поточно: торксот број еден (со зелена боја и тежина 54гр) покрива пукнатини од 30мм до 40мм, торксот број два (црвен, 70гр) пукнатини 36мм-47мм, торксот број три (жолт, 104гр) пукнатини 43мм-57мм и торксот број 4 (син, 146гр) пукнатини 54мм-69мм. Сите торксови се сертифицирани на 14kN.

А еве и едно видео:


За други детали околу овие, но и други алатки за обезбедување, контактирајте со Outdoor.mk на: info@outdoor.mk

Copyright © Alpinizam.org