Симболите

-16.09.2009, Игор Т.

Алпинистите често при повторувањето на некоја насока, за што поточно следење на правецот на движење на истата во карпата, имаат потреба од подетален опис. Линијата на движење исцртана на фотографија од карпата не е секогаш доволна, па описот на својата насока, првите качувачи вообичаено го надополнуваат и со скица во која детално ги впишуваат формите кои ги поминале во секоја должина - превиси, плочи, камини; местата на сидриштата, други карактеристични места во или до насоката - сé што ќе го олесни пронаоѓањето на точниот правец. Исто така се опишуваат и други елементи кои го сочинуваат качувањето - обезбедување, симнување...

Скиците се состојат од симболи кои се универзални и со тоа на сите качувачи при посета на било кој локалитет, било каде во светот, им се олеснува разбирањето на линијата и нејзиното следење. Подолу се претставени основните симболи кои од логичната потребата тие да бидат општо прифатени и почитуваната УИАА ги препорачува за употреба во водичите или во независни описи на насоки. Секогаш постои некое отстапување во одредени симболи (ние на пример имаме две книги со различни симболи за „точка за абзелување“), меѓутоа објаснувањето за такви случаи обично некаде е наведено...

Сметам дека познавањето на овие симболи е исклучително важно за секој качувач и ве охрабрувам (и така не е нешто страшно и комплицирано) да ги научите - за што поголема сигурност и самостојност на било кој локалитет: домашен или вонземјански :)

Copyright © Alpinizam.org