Објаснување околу текстот подолу. Превземен е од Британскиот Планинарски Совет т.е. од неговото списание кое тој го издава четири пати годишно. Во рубриката „Писма“ во еден од тие броеви, писмото подолу беше прогласено за најдобро во тој период. Го споделувам - како размислување, а некако став или препорака.
Како вовед
„Британскиот Планинарски Совет (БПС) е репрезентативно тело кое постои со цел да ги заштити слободите и да ги промовира интересите на алпинистите и планинарите. БПС согледува дека алпинизмот и планинарењето се активности во кои постои опасност од повреда и смрт. Учесниците во овие активности треба да бидат свесни за овие ризици, да ги прифатат и да бидат самите одговорни за своите дела.“ - БПС
Писмо - Прослава на својата слобода
„Скоро и да не поминува број од ова списание без некој да напише и да се жали како во него има премногу фотографии на качувачи кои не носат шлем и дека ова списание треба да поставува подобри примери.
Наместо да одговорам на тие пишувања со извинувачки тон ајде малку да бидеме искрени. Единствената причина поради која има фотографии од качувачи кои не носат шлемови е таа дека качувачите избрале да не ги носат.
Тоа е исто како кога некој одлучува да постави вакво или такво обезбедување, да качува соло – разбирајќи ги ризиците и носејќи одлука. БПС прави одлична работа во едуцирањето на качувачите и ги охрабрува самите да носат одлуки во однос на својата безбедност. Тоа е најдобриот начин, а не промовирањето на најбезбеден начин за сите.
Качувањето е токму тоа – превземање калкулирани ризици и со оглед на тоа што е важна безбедноста сето тоа е индивидуален избор. БПС и неговото списание треба да ја прославуваат слободата на изборот – која го прави овој наш спорт толку животно исполнувачки...“ - Лео Нејтан
Видео
Алекс Хонолд качува некои од класиките во Индијан Крик (САД). Во чист стил и без шлем - негов избор во овој случај...