- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

 

Дома
Совети...

Брзо и безбедно абзелување

-текст од Марк Синот, илустрации од Мајк Клеланд

Веројатно нешто што најмалку ми се допаѓа во алпинизмот е абзелувањето. Да се виси на јажето без некој посебен дополнителен систем за обезбедување може да доведе до големи неволји. Секој алпинист си има некоја приказна (или две или три) за некоја случка при абзелување – и јас не сум исклучок. Едно од најлошите искуства ми беше на Серо Торе – правевме долги наместо кратки абзелувања и при тоа ни се заглавуваше јажето што не додаде само неколку часа во нашата авантура, туку цел ден.

Правете цик-цак. Бидете сигурни долната точка за абзелување (сидриште) и на страна од тоа над неа и на тој начин ќе се заштитите од некои одрони кои може да настанат пти влечење на јажето. Може да одите директно надолу ако нема олабавени камења во таа должина или пак ако сте обезбедени под некој превис.

Заштитете го јажето. Ако над вас има делови кои се со лабави јажиња дефинитвно кога ќе го влечете јажето ќе повлечете нешто надолу. Ако паднат некои камења блиску до јажето, веднаш проверете го дали е оштетено. Ако има некое мало оштетување на омотот може да го „прикрпите“ со лента-фластер, но ако има некое значително оштетување тогаш сечете и спасете некој дел. Ако имате залепено фластер на некој дел, треба да знаете дека тој тешко ќе помине низ средството за обезбедување, а низ тие кои работат на принципот на автоблокирање веројатно нема да поминува воопшто.

Кога ќе ја влечете едната половина нагоре за да правите повторен абзел, влечете го јажето брзо и сé побрзо, за да на крајот пред тоа да излезе низ сидриштето - повлечете силно. На тој начин тоа нема да се влече по ѕидот над вас туку ќе паѓа оддалечено од него.

Кога одите надолу разгледувајте го теренот под вас и избегнувајте ги деловите каде јажето би можело да се заглави или да има големо триење. На делови кои не се многу експонирани, како гребени и терен кој има слаб нагиб, абзелувајте со едно јаже, а другото држете го во раницата – правете кратки абзели.

Абзелување низ гуртни во најмала рака е непракитчно, а во најлош случај и опасно. На секое сидриште ставете карабинер кој би ви ги забрзал работите и кој би го намалил триењето при извлекувањето на јажето. Ставете го јажето низ карабинерот и целосно залепете ја вратичката што би оневозможило јажето да излезе од карабинерот – да се ископча.

Секогаш носете две јажиња. Ако се грижите за тежината носете резервни статички јажиња со дијаметар од 6 или 7 милиметри. За полесно извлекување, наврзете две јажиња со различен дијаметар и секогаш влечете го подебелото.
Copyright © 2005 Alpinizam.org