- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

 

Дома
Совети...

Доаѓа невреме!

-текст од Мет Самет, илустрации од Мајк Клеланд

4 методи кои ќе ве подготват

Им се случува и на најдобрите (и најбрзите) меѓу нас. Стотици метри над земјата, одеднаш се наоѓате заробени – врз вас беснее ѕверот кој фрла молњи и ја прави карпата „утоп“. За жал не постојат гаранции кога се соочувате се такви објективни опасности, но еве неколку начини како да ја намалите тежината на преживувањето..

Не паничете. Невремето не е како куче и не може да ви го намириса стравот. Бидете смирени и рационално размислете за одговорот на ситуацијата и тоа ќе ги зголеми шансите за преживување. Тоа значи како прво, заедно со вашиот партнер да не почнете веднаш да размислувате за најлошото. Охрабрувајте се (велете си „Ќе го поминеме ова“, а не „Ќе загинеме“) и концентрирајте се на дишењето. Многу луѓе поради кревањето паника не се во можност да размислуваат добро. Запомнете ги овие едноставни работи исто како што на време се облекувате малку повеќе пред да почне да ви станува премногу ладно.

Кои се вашите опции. Погрешно е веднаш да заклучите дека најдобро решение е да се абзелува надолу. Во зависност од тоа колку високо сте во насоката, може да биде многу побезбедно ако качувате нагоре до некое безбедно место и се засолните сé додека не стивне невремето. Погледнете и опции за преминување во насоки кои се полесни и одржувајте ја комуникација со партнерот во текот на целото време. Многу подобро е дури и ако врне, партнерот да се качи до вас и да позборувате за опциите отколку да си довикнувате. Сите одлуки треба заедно да ги донесувате...

Движете се брзо, но безбедно. Ако се одлучите да абзелувате, направете го тоа брзо и одлучно. Не се двоумете ниту малку околу оставање на вашиот омилен френд на сидриштето, одлучувајќи се за некое помалку сигурно решение. Ниту еден дел од вашата опрема не е поскап од вашиот или животот на вашиот партнер!

Ако се одлучите да качувате, не се мачете вашето качување да биде направено во чист стил во случај кога карпата е мокра. Поставете сигурна точка за обезбедување, повлечете се на неа или застанете со нозете за да напредувате побрзо. Кога е тоа безбедно, многу побрзо е да се качува слободно, отколку технички, но кога е мокра карпата – многу лесно е да се лизнете, а секоја повреда може многу да го комплицира ова ваше доживување...

Секогаш носете замки и знајте како да ги користите. Кога капрата е „утоп“ мокра, многу поефективно е да се качува како втор влечејќи се по исплетен прусиков чвор, отколку да качувате влечејќи се за поставените точки за обезбедување.

Молете се. Не може да погрешите. Јас не сум некој религиозен човек, но неколку пати сум се фатил како разговарам со Бог абзелувајќи во лошо невреме. Имајте некоја мантра, молитва или нешто слично и тоа ќе ви помогне да се фокусирате на задачата. Исто така може да помогне и омилениот рефрен од некоја песна...

Copyright © 2005 Alpinizam.org