- Превземено од списанието Climbing со дозвола од редакцијата

 

 

 

 

 

Дома
Совети...

Среќни стопала

-текст од Кејт Нелсон, илустрации од Џејми Гивенс

Многу едноставно: болките во стопалата и запоставените патики за качување не даваат добри резултати. Да се качува што подобро, значи да се обрнува внимание на работата со нозете – многу порано пред гумата од патиките да ја допре карпата. Работата со нозете може да се подобри во три чекори: да се имаат соодветни патики за качување, да се грижите за своите патики како за свое најмило и трето – правете го тоа со нежност, љуов и грижа. И погледнете - стапнувањето на најмалите стојалишта веќе е многу подобрено.

Најдете ги соодветните патики
Одбирањето на соодветни патики е лесно како и качувањето XII-ки. Секој производител употребува различен калап и различен систем за одредување на големините. Некои патики со тек на време ќе се истегнат и ќе се прилагодат на твоето стопало, но други не. Кога на ова ќе се додаде и различна потреба на патики за различни стилови на качување, одлуката станува многу тешка. Пред да купите – прво одлучете за каков стил на качување најмногу ќе ги користите овие патики. Потоа отспијте една ноќ, пијте доволно вода во текот на утрото, а попладнето посветете го целосно на пробување на што повеќе разни модели и бреднови на патики, при тоа поставувајќи му на продавачот што повеќе прашања. За искачување на пукнатини или пак целодневни искачувања, пробувајте комфорни модели и одберете калап во кој стопалата и прстите на нозете се релативно рамно поставени. За тешки плочести искачувања на кратки насоки – побарајте потесен модел и патика која ви ги стиска прстите што ќе ви даде повеќе сила да се кревате на многу мали стојалишта. И бојата некогаш има своја улога: ако качувате долги насоки во сончеви денови размислете два пати пред да се одлучите за патики со темни бои. Исто така секако посреќни ќе бидете и ако си ги исечете ноктите...

Чисти - за да се лепат
Откако ги одбравте совршените патики за вас, не стојте во прљавштините со нив. Валканите гуми ја губат својата лепливост и брзо се износуваат па така најмалу помеѓу две качувања – чистете ги. Носете и некој мал пешкир или крпа кој ќе ви служи како чергиче пред врата пред секое качување. Дома – исчистете ги гумите со алкохол за да се поврати нивната функционалност.

Воздух!
„Скапан и лош мирис може да значи дека кожата всушност се распаѓа“, вели  Ерик Пауелс сопственик на Рок&Рисол во Болдер, објаснувајќи дека ова често се случува кога се создава многу влага во патиките. Не ги оставајте испотените патики во ранецот кога ќе се вратите дома. Под карпата, соблечете ги патиките помеѓу две качувања и дозволете им на нив и на вашите стопала да се исушат. Можете да ги соблечете патиките и во долги насоки кога сте на сидриште (прикопчајте си ги на појас!). Ако е многу сончево, не ги оставајте патиките да бидат директно изложени на сонцето, а погрижете се и за стопалата. Ладни стопала се комфорни стопала.

Превентива
Пред да влезете во следната пукнатина, Пауелс предлага износените делови од гумата да се премачкаат со „гумен намаз“. Овој намаз (како на пример производот на Five Ten - Stealth Paint) кој е направен од уретан и гумени делови ја заштитуваат патиката од дополнително износување и кинење кое го предизвикуваат пукнатините.

Заштита
И покрај вашата најдобра грижа, повтореното силење вашите стопала да влезат во тесни патики – си има последици. „Најголемите проблеми со стопалата кои ги имаат качувачите се предизвикани од стискањето и триењето“, вели Д-р Томас Шонка кој е педијатар во Центарот за Спортска Медицина во Болдер. Истегнувањето на тие делови може да помогне со овие и слични проблеми (како на пример отечени нерви предизвикани од повторувачки движења) – за кои тесните патики ја влошуваат ситуацијата. Секоја продавница за патики би требала да има мали силиконски влошки кои би помогнале во намалувањето на болката во одредени места. „Треба да се осигурате да овозможите притисок околу точката, а не на нејзе“, вели тој. Со други зборови – ставете облоги околу таа проблематична точка – како мали крофнички за олеснување.

Крај на миризбата
Сосема природно е загреаните стопала натиснати во тесните гуми да почнат да мирисаат на мртви животни, но воопшто не е забавно кога вашите патики ќе се претворат во опасност по вашето здравје. Дуќаните во кои се прави смена на гумите или пак центрите за изнајмување патики за качување, користат соодветни спрејови и пудри за намалување на миризбата, но и за одржување на добра хигиена. Сепак, кога миризбата е сериозна – решение е машината за перење. Тогаш пријателите ќе ви бидат многу благодарни, а можеби и повторно ќе почнат да ве викаат на качување заедно со нив.

Copyright © Alpinizam.org