Златен Цепин за 2008

Од 22-ри до 25-ти Април 2009 година во Шамони (Франција) и Курмаер (Италија) ќе се одржи 17-тото по ред издание на манифестацијата „Златен Цепин“. Номинирани се следниве искачувања:

1.Соло искачување на Серо Ескудо во Чиле од страна на американскиот алпинист Дејв Тарнер. Насоката е именувана „Вкуси ја болката“, долга е 1200 метри, со технички тежини до А4+ и е качувана во период од 34 дена;

2.Поврзување на две насоки на Денали(6194м) од страна на јапонските алпинисти Фумитака Ичимура, Јусуке Сато и Кацутака Јокојама - насоките се со должини од 2350метри и 2900 метри и се поминати во периодот 11-18 Мај 2008год.;

3.Нова насока на северната страна на Каланка(6931м) во Индија од страна на јапонските алпинисти Фумитака Ичимура, Јусуке Сато и Казуки Амано - со должина од 2000 метри и тежини до М5,

4.Прво искачување по јужно-источната страна на Камет (7756м) во Индија од страна на јапонските алпинисти Казуја Хираиде и Кеи Танигучи. Насоката е именувана „Самурајски Директ“, има должина од 1800 метри и тежини до М5+, АI5+. Искачена е во периодот од 26-ти Септември до 7-ми Октомври 2008год.;

5.Нова насока на јужната страна на Нупце 1 (7861м) во Непал од страна на французите Стефан Бено и Патрис Глерон Рапа. Насоката е именувана „Дали си искусен?“, долга е 2000 метри и има тежина М5. Искачена е во периодот 27-30 Октомври 2008г.;

6.Нова насока на северната страна на Тенгкампоч(6500м) во Непал од страна на швајцарските алпинисти Симон Антаматен и Ули Штек. Насоката е именувана „Шах-мат“, долга е 2000 метри, има технички тежини од М7, 6а/А0 и е искачена во период од 4 дена (21-24 Април 2008г.).

Овогодинешното жири ќе го сочинуваат: Џим Донини (САД), Петер Хабелер (Австрија), Додо Кополд (Словачка), Дарио Родригез (Шпанија), Даг Скот (Англија) и Јонг Им Дук (Кореа).

Некои забелешки: Номинираните 6 искачувања се одбрани од 57 вкупно разгледани искачувања направени во 2008година. Сите номинирани искачувања се направени во алпинистички стил, освен тоа на Дејв Тарнер со техничкото искачување кое сепак многу се разликува од „big wall“ искачувањата кои беа номинирани во претходните години. Фумитака Ичимура и Јусуке Сато имаат двојна номинација, а за искачувањето на Каланка тие веќе го имаат добиено Златниот Цепин за Азија...

 
Copyright © Alpinizam.org