|
Пречек со солзи радосници за повторната средба. Сите денови додека качувавме времето беше чисто и убаво |
|
Веќе наредниот ден - идилична сцена во Доломитите |
Кортина Дампецо |
Нашата прва цел - Монте Аверау (2647м) преку 150 метри високата „Алвера“ |
|
|
|
Весна - приодот е експонирана и ронлива III-ка која бараше многу внимателност, а посебно поради тоа што ја качувавме без обезбедување |
Веќе кога сме во насоката е полесно :) |
Игор на сидриште - многу убаво беше чувството да се качува нешто со многу малку „ин ситу“ точки за обезбедување |
И Весна малку се одмара - во една мала пештера |
Овде имаше книга каде се потпишавме: „Игор и Весна, АК Шри Чинмој - Македонија, 25.08.2008г.“
|
Книгата се чува во кутија на која има плочка со потсетување за првото искачување: „Виа А. Алвера, В. Илинг, В. Помпанин, А. Аполонио - 29ти Јуни 1945г.“ |
Уште малку качување... |
И на врвот |
|
Симнувањето беше од другата страна по „виа ферата“ - најпрво патека... |
|
А потоа скалички и сајла |
|
Супер си поминавме! |
Следна цел - планинскиот превој Села (2240м) |
Од овде почнува пристапот до Првата Села Кула и Пиц Чиавазес каде качувавме по прекрасни насоки - јуху! |
Првата Села Кула (2533м). Овде ја качувавме класиката „Тренкер“ (200м, V-) |
|
Игор под карпата |
Весна качува |
|
|
|
|
Трета планина - Пиц Чиавазес (2828м). Насоката „Мал Микелуци“ е со полна линија, а испрекинатата е излезот. Сите алпинистички насоки го имаат тој излез бидејќи карпата во горната половина е во многу лоша состојба. Сепак и 250 метри насока беше доволно добро :) |
Претходната ноќ на кратко заврна дожд, но тоа беше доволно на пристапот да бидеме пречекани од „водопад“... |
Подготовки |
И качување |
|
|
|
На појасот по кој се излегува од насоките |
Движењето по овој појас не е воопшто едноставно, туку напротив на места многу експонирано и опасно. Веднаш до патеката чиста вертикала од 250м... Весна: „Што е ова?“ |
Конечно на безбедно место |
Пордоишпиц (2952м) и фантастичната насока - „Мариаканте“ |
Сипарест пристап |
Подготовки |
И качување |
|
|
|
|
|
Во близина на врвот - овде има жичара со која е поврзан врвот со планинскиот премин Пордои |
|
|
Ова беше последна насока за оваа сезона, супер поминавме во сите качувања и решивме да се почестиме со возење од 10мин наместо час и половина пешки по ситниот сипар |
И долу - превојот Пордои се наоѓа на 2239мнв |
Велосипедизмот е исто така многу популарен спорт во овие краишта каде и поминува познатото „Џиро“ |
Немаме зборови за искуствата. Навистина уживавме и со нови соништа се надеваме што поскоро повторно во оваа наша „дома“... |
Доломитите при нашето заминување - беа тажни... |
|
Наскоро повеќе фотографии... |