Прошетка до Трло

Трло е вежбалиште кое се наоѓа на Матка - на околу 30 минути пешачење од манастирот Св. Никола Шишевски. Ретко кога одиме таму, со оглед на тоа што насоките се кратки (по околу 30-тина метри), но во зимските месеци, поради јужната експонираност на карпата, таму е совршено за тренинг искачувања... Така беше и овој Декемвриски ден. Типично - Скопје заробено во магла, а како што одевме кон Матка небото полека стануваше сé по чисто. По патеката кон Св. Никола јакните и неколкуте слоја полари ги намаливме на по еден полар, а на Трло - жалевме што не понесовме маици со кратки ракави...

Матка

Вакви слики нé пречекаа на Матка...

Матка

Подобро од смогот во Скопје во секој случај

Матка

Трло - малата карпа на сликата (прекрасната Шара во позадина)

Трло

Супер тренинг центар „измислен“ за уживање во поладните месеци од годината...

 

Трло

Весна и Мали

Со нас полека почна да доаѓа и Мали - нашето миксче од лабрадор и златен ретривер

Весна и Мали

Весна

Весна води во насоките...

 

 

 

Мали

Мали „кулира“

 

 

Copyright © 2005 Alpinizam.org