Сантова насока IV (IV+)

- Описот го приготви Јован Попоски. 23 Декември 2008год.

Име на насоката: Сантова насока   

Тежина: IV (IV+)

Должина: 3 должини (нецели)

Први качувачи : Јован Ангелов - „Циго“ и Милан Санто

Опис:

  • Пристап: Преку кајакарското мовче на Матка до подножјето на маркантната карпа карши „Мечкина дупка“.
  • Влез: Лево (неколку метри) од најдолниот дел од карпата има жлеб. По него околу 10 метри до местото каде жлебот е „затворен со надвис (III).
  • Насока: Лево или десно од надвисот и над него на реброто нагоре до местото каде карпата станува надвисеста (III) - прво сидриште. Десно неколку метри па нагоре по плиток жлеб (IV+) до крајот на истиот (второ сидриште). Од тоа место десно нагоре до реброто и по него до крај на карпата (IV-III)
  • Враќање: Од мало гребенче десно надолу по доста стрмен и лизгав (кога е влажно) терен назад до кајакарското мовче.
  • Обезбеденост: Насоката не е целосно обезбедена со клинови. Се препорачува секој качувач да носи клинови или други средства за обезбедување и да ги проверува старите клинови.

Copyright © Alpinizam.org