Неискачени планини – Тибетските Алпи
- Игор Т. (02.11.2009г.)
Тамоцу Накамура (75) е јапонски алпинист кого качувачката заедница во последните 18-тина години најмногу го препознава преку неговите фотографии од фантастичните неискачени планини во западна Кина. Во тој дел од земјата тој поминува 30-тина експедиции посветени на претставувањето на тој непознат и недопрен свет пронаоѓајќи стотици неискачени планини кои пленат со својата убавина и грандиозност.
Неговите фотографии и текстови од тие експедиции се секако претставувани во многу светски списанија, журнали, но и преку негови лични презентации. Последно негово големо дело е книгата „Источно од Хималаите: Тибетските Алпи“. За придонесот во светот на планинарството тој е добитник на многу признанија и награди. Ви претставуваме дел од светот на недопреното.
Итн, итн... Ги има стотици. Со многу малку истражување може да се дојде до нивна точна местоположба и секакви други потребни информации... Се разбираме? ;)
|