На Матка
Текст на Љупка за нејзината прва средба од трет вид со „Мал Камин“
- 10.08.2008г
Тргнавме по ситниот сипар. Стигнавме. Од теорија – ме научија за осмица – дупла и трупла и за врвната безбедност што ќе ја имаш ако точно ја направиш. Научив и дека „Danger“ треба да е покриено со остатокот од врвката на појасот...
Ми дадоа XXXL кацига и XXXS патики, ми го покажаа патот и рекоа – тргај. Тргнав јас, и после првиот чекор напред, опа иха отидов два назад. И после овој играорен потфат, го добив првиот совет... Рекоа – оди десно по полесната стаза. И така се качив.
Карпата беше добра. Само еднаш ми се удри од лактот и само неколку пати од кацигата. Камен не падна... Доволно кажав за себе, сега да кажам нешто и за учителите. Рекоа дека сум родена за ова... Најбољи се.
Љупка Фотки:
|