Еквадор - 2008год.

Членовите на Алпинистичкиот Клуб „Шри Чинмој“ од Скопје, Слободан Колоски - Шакшама и Сашко Јосифовски, во моментов се во Еквадор и се подготвуваат да Сашко Јосифовскинаправат искачувања на некои од тамошните планини. Еве дел од досегашните искуства:

19.01.2008год.

Искачување на Котопакси (5897м) - втората највисока планина во Еквадор, која всушност е i активен вулкан. Последниот висински камп го поставиле на 4800м и од таму по околу 7 часа стигнале на врвот во околу 7 часот наутро по локално време. Насоката е со тежина PD и стрмнина од 45-55 степени. Ова е прво вакво искуство на ваква височина за Сашко, а Шакшама веќе има и многу сериозни алпинистички искачувања во Перу за кои имаме известувано. Еве дел од е-маилот кој ни го прати Шакшама:

Шакшама„Беше навистина напорно. Дуваше силен ветер и беше многу студено. Често се заборава колкав напор е да се оди на врв од ваква големина. Треба свест и концентрација цело време, а се оди многу брзо. Погрешен чекор е ризик од крајни димензии. Врвот беше прекрасен, a насоката имаше различни стилови на качување во живописен предел. Некои велат дека планините во Еквадор се разочарување во однос на тие во Перу по својата убавина и условите кои ги даваат за качување на секакви технички тежини, но Котопакси воопшто не заостанува по убавина...“

Сега тие се одмараат во градот Кито – главен град на Еквадор кој и самиот е доста висок – во просек 2850м...

Претходно, на 10.01.2008год. од Шакшама добивме е-маил во кој тој ни напиша дека со германски алпинист со кој се запознал таму, направиле обид за искачување на вулканот Кајембе (5790м) - третата највисока планина во Еквадор. Таму, поради нови врнежи на снег (35-40см нов снег) се одлучиле да не одат до врвот поради лавинска опасност и поради сокриените креваси (пукнатини) од новите врнежи - достигнувајќи при тоа точка од околу 5000мнв...

 
Copyright © Alpinizam.org