Share

Четворица алпинисти - Декември/2010г.

-08.12.2010

- во чест на Бранче, Влатче, Огњан и Пеџо

Алпинистичкиот Клуб „К2“ од Скопје изминатиот викенд го организираше дванаесеттиот по ред Меморијален марш „Четворица алпинисти“ – со традиционално искачување на врвот Солунска Глава. Маршот се организира секоја година во чест на загинатите алпинисти, членови на Алпинистичкиот клуб „Исак Русо“ од Скопје: Бранислав Ристовски, Влатко Боцевски, Огњан Филиповски и Предраг Толмачев...

Иако лоши временски услови во Саботата, сепак десетици планинари и алпинисти, членови на различни клубови, од страната на Папрадиште, Нежилово и Чеплес го посетија споменикот во чест на четворицата алпинисти и направија искачување на Солунска Глава.

Во исто време, тргнувајќи во Петокот, членови на Алпинистичката секција при КПС Македон, направија обид за искачување на Солунска глава, тргнувајќи од Патишка Река. Сепак, заклучувајќи дека нема да стигнат до врвот поради лошите временски услови, тие во Саботата (по бивакување на планината), некаде на гребенот кон Солунска глава се вратија назад – посветувајќи го целото тоа искуство и потсетувајќи се на Бранче, Влатче, Огнен и Пеџо...

Во Неделата продолжија активностите на Солунска – сега во добри временски услови.

Исто така, во Неделата на Матка, членови на АК Матка од Скопје, Гоце и Сашо Николовски и Никола Андоноски, по повод меморијалот, ја искачија насоката „Комитски“ (VI) чии први качувачи беа Влатко Боцевски и Огњан Филиповски на 2-ри Август 1996 година. Оваа насока се наоѓа во делот каде е насоката „Лилјак“ (десно од нејзе - со излез кај кутијата на „Новогодишен“)... Исто така Гоце, Сашо и Никола, по „Комитски“, ја искачија и насоката „Дождовник“, која по кажување на Гоце била една од поомилените насоки на Влатко Боцевски... Деновиве ќе ни подготват описи за овие насоки...

 

Copyright © Alpinizam.org