Да се насмееме
Карикатура од 1911 година:
Прикажан е Херман Фон Барт (1845-1876, германски алпинист и истражувач со многу нови искачувања и најчесто во соло стил) - како со неверување гледа на големиот број клинови заковани во карпата...
Херман ја има напишано класиката „Од северните варовнички Алпи“, а во негова чест се именувани планинарски патеки, домови...
Качувајте во чист стил! |
* * * * *
Сон ми беше да се качам на Еверест. –„Дали стигна до врвот?“ – „Не. Само до половина и останав да висам на една карпа“ – „Зошто не продолжи?“ – „Мојот Шерпас се пожали дека сум му станал многу тежок за носење“...
* * * * *
* * * * *
Чокот го победи клинот - се радуваат и планините... Качувајте во чист стил! |
* * * * *
Вицотека
1. Се сретнуваат двајца качувачи и едниот го прашува другиот: Каде беше на одмор? Дргиот одговара: На две места – прво 9 часа во една пукнатина, па 3 недели во болница...
2. Жената го пратила мажот да купи нешто во продавница. Продавницата затворена и типот отишол во некој бар. Таму се запознал со некоја девојка и по неколку пијачки отишле кај нејзе дома и фатило три саат по полноќ. Мажот загрижен за ситуацијата побарал дали девојката има бебешка пудра. Си ги намачкал рацете и тргнал накај дома. Жена му на врата го чека нервозна... Каде беше? Мажот одговара: Продавницата затворена, отидов во бар, запознав девојка, пиевме и отидов кај нејзе... Жената му ги видела рацете бели и му се раздрала: Не ме лажи - пак си бил да качуваш!
3. На некој човек му бил потребен нов мозок... Почнал да ги разгледува понудените опции изложени во тегли пред него и прашал: „Колку чини овој?“, „6 милини долари.“-му одговориле. „Колку?!?! Невозможно.. Зошто?“ „Му припаѓаше на еден многу добар доктор“. „Добро, а овој..“ „Тој е 2 милиони. Му припаѓаше на еден адвокат кој беше многу голем лажго... Без никаков морал...“ Разгледувајќи ги другите приметил една тегла со мал мозок – колку орев. „Колку чини овој?“ “30 милијарди“ – му одговориле. „Па зошто толку за него? Во најлоша состојба е од сите...“ Докторот му одговорил: „Му припаѓаше на еден качувач“. „Добро – што е толку посебно во тоа?“ „Знаеш ли низ колку качувачи поминавме – за да најдеме барем еден со мозок...“
* * * * *
Традиционален качувач си бидејќи - висиш по дома на тазе купени трочоци за да видиш колку добро држат на мали џепчиња:
* * * * *
Песничка на Џон Далби
Life During Climbing Times
(Sung to the tune of "Life During Wartime" by the Talking Heads)
Heard of a climber loaded with 'biners,
Racked up and ready to go.
Heard of some new routes far from the highway,
A place that nobody knows.
The sound of beta off in the distance,
I'm getting used to it now.
Climbed on the big walls, climbed on the boulders,
Don't think I'll ever slow down.
This ain't no sport climb,
This ain't no top rope,
This ain't hang doggin' around.
No time to drink beer,
Belay from lawn chairs,
I ain't got time for that now.
Somebody saw us up on our new crag,
We had to feign ignorance.
I've got twelve rock shoes, a couple of chalk bags,
Some people ask if I'm French.
High above basecamp, bags are loaded,
All the ropes are in place.
I sleep at the bivvy, I jug up at daybreak,
A great big smile on my face.
This ain't no contest,
This ain't on TV,
There ain't no judge and no crowd.
I want to hang out,
Be seen at Snowbird,
I ain't got time for that now.
Heard about Smith Rocks, heard about Hueco,
Heard about Joshua Tree.
You oughta know not to climb wearing Levi's,
Somebody's likely to see.
I got some Stoppers, some Chouinard Ovals,
To do El Cap in a day.
But I ain't got no Walkman, ain't got no boom box,
Ain't got no CD's to play.
Why use the Bosch drill? Why bolt on rappel?
To make some dinky new route.
Quickdraws all preplaced,
Every three feet,
That's not what climbing's about.
This ain't no limestone,
This ain't the Verdon,
This is the U. S. of A.
If climbing's too scary,
Go back to the rock gym,
Leave the cliffs for the brave.
We disdain topos and preinspecting,
We always lead it onsight.
Stuck on a Grade IV after the sun goes,
We just stay for the night.
We dress like hardmen, wear day-glo fashions,
It's all a clever disguise.
Changed my lycra so many times now,
Gotta blend with the times.
You like the jamcracks, I like the friction,
We make a pretty good team.
Don't get exhausted, I'll do some leading,
I think it's your turn to clean.
Burned all our guidebooks, what good are guidebooks?
Route skills help me survive.
I'd rather climb into the unknown,
That's when I know I'm alive.
* * * * *
Топ 10 работи кои не сакате да ги слушнете од партнерот кој ве обезбедува во моментот додека туфкате качувајќи го најтешкиот детал:
10. Од секогаш сум сакал да пробам да качувам
9. Почекај малце – ми се оди во WC
8. Тешко тебе – ќе изгинеш
7. Скокни нагоре – сигурно има некое големо фаќалиште
6. Ако сега паднеш – ќа паднеш до земја
5. Сигурно многу те болат прстите
4. Ќе паднеш!!!
3. Само што испадна последниот френд што го постави под тебе
2. А треба нешто да правам јас со јажето?
1. Мислам дека лошо си ја прочитал насоката – таа е VI-ка а не IV-ка…
* * * * *
Последните зборови...
1. Не ми треба шлем
2. Што кажа овој – „ослободи јаже“ или „затегни јаже“?
3. Камен!
4. Не ми треба обезбедување – само VI-ка е…
5. Слушна нешто?
6. Сигурен сум дека е наваму...
7. Добар сум – обична главоболка е...
8. Нема потреба од тоа – знам каде е секоја креваса...
9. Мислам дека јажето стигна до земја...
10. Ќе аблезуваме на јажето – заглавено е некаде горе...
11. Ќе одиме до врвот – сигурно ќе се вратиме пред да се стемни...
12. Те обезбедувам... Но што и да правиш – не паѓај!!
13. Сигурно не е потешко од VII-ка нели?
14. Ми изгледа како лош мраз... Ќе водиш ти?
* * * * *
Фејсбук и традициналната група
Фејсбук... Без посебно објаснување и причина – си најдов уште една работа која ме прави зависник од компјутеров... Како и да е – на ова чудо (кој знае/кој не знае) има разно разни групи кои се залаагаат за разно разни работи и јас најдов една во која се групираат пролетерите од сите земји кои го сакаат традиционалното качување.
Како вовед имаат напишано неколку работи за тоа како да знаеш дали си традиционален качувач... Еве неколку од нив:
Традицононален качувач си бидејќи:
Сите комплети ти се со гуртна од 25 сантиметри; имаш патики за качување кои можеш да ги носиш по цел ден; кажуваш „Повтори?“ кога партнерот ти вика „Затегни!“; си видел многу изгрејсонца за време на искачувањата; се откажа од спортско качување бидејќи не можеш да качиш ни една таква насока;
Ја испушташ алатката за обезбедување и пак знаеш како да обезбедуваш; качуваш нова насока и ги споменуваш и двајцата во наврската; го прашуваш твојот партнер колку вода да земеш; не ти е гајле кога ќе ти истече членарината за салата;
Се будиш во 2 саат сабајле за да одиш да качуваш; заспиваш при качувањето; трошиш три саати во вадење на заглавен френд; паѓаш 10 метри; знаеш што е абалаков систем; абзелуваш 6 должини во темница; абзелуваш 6 должини во снег; препрочитуваш стари списанија за качување;
Супер си помина качувајќи за да на крај видиш дека не си ја качувал насоката по која си дошол; кога го испушташ шишето со вода поминуваат 5 секунди до првиот удар со карпата; имаш кладиво и ранец за влечење; гледаш надолу кон птиците;
Гуртните ти се со чворови; толку си високо што дрвјата ти личат на брокули; возиш цела ноќ за да качуваш цел ден; возиш цела ноќ бидејќи си качувал цел ден; преспиваш закачен на гуртни; во торбичката за магнезиум ти собира цел блок магнезиум;
Сам си го собираш јажето; поставуваш сидриште на една точка – толку ти останало при водењето; добра работа не те отргнува од добро качување; носиш чорапи во патиките за качување;
Си го модифицирал автомобилот за да собере повеќе опрема во него; не ти треба книга со описи на насоките бидејќи ти ја пишуваш; дел од твојата опрема е постара од тебе; панталоните не ти се од растеглив материјал;
Една од работите со кои ќе истрчаш од станот во случај на пожар е опремата;
Кредитната картичка си ја користел за бензин, храна, бензин, храна, бензин, бензин, опрема, храна, бензин, опрема, храна, бензин, храна, бензин, бензин;
Повеќе сакаш бивак вреќа отколку шатор; намерно ја оставаш книгата со описи на насоките во автомобилот; си паднал додека си водел во темница; вежбаш поставување френдови и чокови во пукнатините на циглите или бетонот додека се шеташ; твоите комшии ти се раздеруваат за ковањето клинови во тротоарот; со другите луѓе зборуваш само за качување...
Едвај чекаш да купиш нешто ново од опрема со новата плата; живееш од месец за месец (поради качувањето); опремата ти чини повеќе од автомобилот; најубавите спомени во животот ти се од искачувањата;
Ти требаат уште само две френда за да имаш совршен комплет и знаеш дека тоа секогаш ќе остане така; се збунуваш околу значењето на „флеш“ и „он сајт“; знаеш да поставиш сидриште кое ќе издржи пад на тројца; знаеш да поставиш сидриште...
* * * * *
Поезија
Песничка за розевиот 0,5 трочок... За тоа детално што е трочок - наскоро, но како за почеток тоа е чокче кое е измислено да функционира не само како пасивно, туку и како активно обезбедување. Сега за сега - само песничката на човек кој очигледно е голем обожавател на ова малецко ем розевко трочокче (не ја преведуваме):
Ode to a Pink Tricam
Oh Pink's the one I love to place
when I'm alone way up in space
on some exposed and airy face.
They sink where other gear won't go.
When all you've got is manky pro,
This tricam saves your butt from woe.
But it's often hard to get them out;
They make your second moan and shout
And wave his nut tool 'round about
But that's why you're the one on lead
Your problems are a different breed
As long as someone does the deed...
"Oh quit your whimpering," you rumble,
"And get it out or there'll be trouble"
"Get to work now, on the double!"
Although it sometimes takes a while,
They do come out with vim and guile,
(or chiselling and curses vile.)
Pink will do what all the rest.
Won't do when they're put to the test.
Oh pink tricams are just the best!
-- Charles "Pinky" Danforth
* * * * *
Стереотипи
|