ТВ Канали:

 

Видеа и клипчиња од странски алпинисти

 

Видеа и клипчиња од македонски алпинисти

 

 

 

Скоро на секое наше излегување до сега сме имале камера со нас. Додека да успееме да Ви презентираме некои од нашите снимени материјали, уживајте во некои одбрани клипчиња најдени по интернетов...

За ова видео: Неверојатното искачување на Лин Хил на насоката „Носот“ на Ел Капитен. Во слободен стил во 23 часа... Лин зборува малку за историјата на насоката, за нејзините подготовки... (20мин.)
 
Одберете следно:

 

7мин: Интересно клипче со еден од големите италијански мајстори: Емилио Комичи. Едукативно - за тоа како се качува, како се обезбедува, како се абзелува - во тоа време...>>>>

 

19мин:„Невреме“ е една од приказните во познатото ремек дело на Куросава - „Соништа“. >>>>

 

4мин: Францускиот алпинист, Патрик Беро, покрај секако неговата посветеност на екстремни искачувања, беше исто така познат и како човек кој постојано нагласуваше дека качувањето е уметност. Ова се две стари снимки од него... >>>>

 

7мин: Клипче за процесот на изработување на карабинери - од познатиот производител на опрема, компанијата DMM од Велс >>>>

 

4мин: Дидие Берто прави прекрасно прво искачување на пукнатината „Greenspit“ во Италија со оцена 5.14. Претходно ги вади експанзионите клинови и ја качува со свое обезбедување - френдови, чокови... Ова е извадок од филмот „Прво искачување“... >>>>

 

16мин: Убаво видео за искачувањето на „Лотус“ кулата во Канада од страна на Томи Колдвел, Бет Роден, Арно Петит и Стефани Боде... >>>>

 

17мин: Стив Хаус ја покажува опремата која ја користеле со Винс Андерсон при првото искачување во алпинистички стил на Рупал Страната на Нанга Парбат. Прекрасно видео со многу совети и трикчиња околу опремата воопшто... Мора да се види! >>>>

 

22мин: Прекрасно видео за искачувањето на 4 француски алпинисти на нова насока на Транго Пулпит (6050м). Тие качуваат 20 дена и резултат на тоа е насоката „Азазел“...>>>>
2 мин: Супер анимирано клипче - качување на мраз... >>>>

Наскоро повеќе...

Copyright © Alpinizam.org