Македонската Алпинистичка Асоцијација (МАА) издава гласник – „Алпинист“. Првиот број на гласникот е излезен во Февруари 2001 година, а последниот (третиот број) е излезен во Март 2005 година.
Гласникот е замислен како трибина за комуникација помеѓу македонските алпинисти преку коментари, прилози, фотографии, огласи за опрема, алпинистички акции и слично.
Во досегашните броеви опфатени се следни теми:
Текстови : „Перспективите на македонскиот алпинизам“, „Идни планови: Алпска Трилогија“, текстови за тренинг за качувачка техника, зимски алпинизам...
Опрема : навлачни јакни, ГПС, орудија за качување во мраз...
Искачувања: на Титов Врв за Нова Година, Враца и Маљовица(Бугарија), Витни(САД), Френдо(Франција), Солунска Глава...
Новости, искуства од врвни алпинисти... |