Share

Скалате на Шара

-30.08.2012г., Игор Т.

Пред неколку дена мојот италијански пријател и колега алпинист, Алесандро Симони, кој од време на време знае да нé посети овде во Македонија и да качува на Матка, ми испрати интересен скениран краток текст и фотографии од една книга. Се работи за делото „Моите искачувања на пет континенти“ на италијанскиот алпинист Пјеро Гиљоне, објавено во 1940-тите години, за неговите искачувања насекаде по светов (очигледно по насловот на книгата :)), а меѓу другото и на Шара - искачувања овде направени во крајот на 1930-тите години!

Еве што според тоа што ми го прати Алесандро пишувало во книгата, а се споменуваат како врвови Кобилица и Црвен:

„Се искачивме дента по нова насока на северната страна и западниот гребен на Кобилица. Тоа е директна насока која почнува во средината на страната и која следи голема пукнатина со должина и повеќе од 100 метри, потоа оди полека кон исток и продолжува право нагоре кон врвот. Карпата на моменти е добра, а во други делови е многу лоша. Сепак тоа беше интересно искачување на карпа висока околу 300 метри...“

„...Пристигнавме до подножјето на карпите на Црвен кои се серија на рабови и или се искршени или се многу компактни. Се искачивме на издвоениот западен врв преку неговата источна страна (поставивме клин во средината), но и на некои од централните врвови искачувајќи се во средното седло преку еден од северните кулоари...“

Отприлика толку. Сепак преводов е превод на неговиот англиски превод од оригиналниот италијански текст, па се надевам дека сме блиску :) А еве и по некоја фотка од тие негови искачувања:

Copyright © Alpinizam.org