Share

Aлпинисти мафијаши

-11.04.2013г.
Овој текст е објавен во септември 2008-мата година на сајтот kurir-info.rs. За него дознаваме
после сите овие години, кога кај нас деновиве по социјалните мрежи го споделија неколку наши
пријатели, па одлучивме да го пренесеме и ние, со посебна дозвола од редакција на Kurir-info.rs

Алпинисти мафијаши

ПАНЧЕВО – Во Србија хара алпинистичка мафија, која се состои од пет или шест интересни група, а една од последиците на нивното дејствување е и неодамнешната трагедија на Хималаите кога загина Суботичанецот Дрен Мандиќ, кој воопшто не беше алпинист, како ни повеќето од членовите на неговата експедиција, тврди Ламброс Худелидис, еден од нашите најпознати алпинисти.

Худелидис објаснува дека не го чуди тоа што смртта на Мандиќ во нашите медиуми е претставена како последица од лоши временски услови и негова случајна грешка.

-За жал, Мандиќ не беше алпинист, како ни повеќето од таа петчлена експедиција, одвен еден член. Тие правеа обид да ја освојат К-2 иако ниту ментално ниту физички не беа подготвени за тој голем потфат. Во последните десетина години дојде до експлозија на комерцијални и туристички искачувања на врвови во Хималаите и други планински масиви во светот. Врвни странски алпинисти и староседелци од племето Шерпа отворија клубови и нудат услуги на секој кој сака да се искачи на било кој врв, ако претходно плати голема сума на пари – вели Худелидис.

Според него, група на луѓе која била на важни функции во Планинарскиот Сојуз на Србија и Војводина, или кои сеуште се на тие функции, поради сопствена корист, толерираат растење на бројот на лажни алпинисти.

-Се лажираат големи суми на пари и привилегии кои се добиваат од Министерството за спорт на Србија и Војводина, а во тоа имаат помош и од некои политички партии. Нивната одговорност е огромна затоа што индиректно или директно се виновни за загинувањето на неколку т.н. алпинисти. Во тие трагични авантури, пред Мандиќ загинаа Павле Милошевиќ од Белград во 2001-вата година и Зоран Милетиќ од Ниш една година подоцна. Лицемерно ги охрабруваа дека се подготвени и за најтешките искачувања, а тоа нив ги чинеше живот. Со поголеми измами се тргна во 1998-та година со „подвигот“ на Драган Јачимовиќ, офицер во специјалната единица „Кобри“ и Горан Ферлан, магистер по нуклеарна физика од Рум. Тие премолчија дека на врвот на Чо Оју во Хималаите ги водеше екипа на шкотскиот алпинист Хенри Тод – тврди Худелидис.

Според него, суштината на измамата е во тоа што лажните алпинисти после нивниот „успех“ бараат месечна стипендија од 400 евра, заверена на неколку години, а попатно им тече и стаж, а дури и добиваат стан.

-Лажното претставување во алпинизмот не е можно на никое друго место во светот, затоа што алпинистите систематски се следат низ сериозно организирани асоцијации. Бројот на лажни алпинисти кај нас го надмина тој на вистинските. Дури и музичарот Горан Бреговиќ се искачи на врв од 6400 метри и го освои врвот Четворка во масивот на Памир, но како рекреативец потоа не бараше никакви привилегии од државата.
Десетина години сум еден од најактивните алпинисти во земјата и при тоа извршував бројни функции во планинарските сојузи на Србија и Војводина, но поднесов оставка на сите функции. Апелирам до сите медиумски куќи, спортски сојузи, Министерството за спорт и други надлежни институции да почнат со решавање на опасната енигма К-2, нагласува Худелидис.

Спартанецот од Панчево
Ламброс, син на Мичос Худелидис, Грк кој во Југославија дошол по поразот на движењето на генералот Маркос и Србинката Перка, е роден во Панчево. Во Ноември 1996-тата година, за време на изборната кражба, казнет е со 25 дена затвор поради тоа што на зградата на Претседателството и Владата на Србија напишал „Бандо црвена“, а на зградата на РТС „ТВ јајаре“. Пред судот не одрекувал што направил. На пошироката јавност и е познат по тоа што во февруари 2007-мата година, со свој колега ја отстраниле петокраката од општинската зграда на Град Белград. Освојувач е на највисоките врвови на сите големи планински масиви во светот. Преживеал 30 тешки падови.

Тажна ситуација
Синиша Зороја, член на Комисијата за алпинизам на Србија, ги потврдува многуте изјави на Худелидис.
-Состојбата во српскиот алпинизам е алармантна и можам да се сложам со тврдењата на Ламброс. Тажна е вистината дека ако некој собере доволно пари и брзо отрча до медиумуте, тој веќе застанува на врвот на нашиот алпинизам. Очигледно, за да ја избегнат струката, „стручните“ функционири ја основаа Комисијата за експедиции, па само летаат печати и меморандуми за да се делат привилегии на лажни алпинисти – вели Зороја.

Copyright © Alpinizam.org