Маркирани планински патеки - Про ет контра
26.08.2009г. Во Шкотска нова дебата - овој пат започната од новинар кој предлага маркирање на планинските патеки. Следува одговор на Планинарскиот Совет на Шкотска на оваа негова иницијатива:
„Маркирањето – оглупување на планината“
Планинарскиот Совет на Шкотска е против маркирањето на планинските патеки:
„Со тоа не значи дека не ги охрабруваме и подржуваме луѓето кои сакаат да уживаат во планините – независно дали се планинари или алпинисти.
Сакаме да бидеме сигурни дека луѓето ги разбираат ризиците со кои може да се сретнат кога влегуваат во планините и дека треба да знаат да бидат безбедни што е можно повеќе постигнувајќи го тоа – подготвувајќи се за искуството и имајќи ги основните навигациски способности. Нашиот став го базираме на познавање на односот помеѓу незгодите во планините и повиците во планинските спасителни служби и нивната причина.
Планините во Шкотска нудат неверојатен опсег на различни искуства за луѓе од различни возрасти и способности. Единствен начин како да се има што побезбедно искутсво е луѓето да знаат да бидат што посамостојни и да ги имаат основните познавања.
Луѓето кои го буткаат маркирањето на патеките велат дека тоа ќе ја намалело потребата за мапа и компас и ќе охрабрело омасовување – повеќе луѓе да станат активни во планините.
Ние веруваме дека познавањето за употреба на мапа и компас е основно нешто што некој треба да знае кога се упатува кон некоја планина и дека тоа може да го спаси нивниот живот.
Веруваме дека маркираните патеки ќе ги охрабрат луѓето да започнат авантура која е надвор од нивниот капацитет и која може да доведе до проблем.
Кои би биле други проблеми со маркациите? Познатите временски услови во Шкотска, слабата видливост, ветер, дожд, снег кој може да падне речиси во било кое време во годината – може да ги изместат, оштетат или покријат маркациите. Што би правеле во такви услови недоволно искусните планинари? Кој би одлучувал каде да се постават маркациите? На колкава оддалеченост? Кој ќе се грижи за нив? Кој ќе одговара кога поради проблем со маркациите – планинари би се изгубиле, повредиле или и полошо?
Некои велат дека како што другите земји имале маркирани патеки така и ние би требало да имаме. Како пример се даваат и маркирани патеки кои водат од еден планински дом до друг.... Во Шкотска имаме долги пречки кои одат и на високи места, но ја немаме истата планинска инфраструктура и колку тие да бидат маркирани секогаш ќе постои опасност ако се немаат основни навигациски способности. Патеките кои одат и повисоко во планините, маркациите во нив поради променливите временски услови, слабата видливост и природата на теренот нема да бидат многу корисни.
Луѓето одат во планините да уживаат во слободата и да избегаат од разни ограничувања, правила - воопшто тој свет на регулативи. Планините нудат место за слободна акција каде ништо не е организирано, или направено да биде безбедни и лесно, или униформирано. Планините се едно од неколкуте останати места каде луѓето може да се откриваат себе и да се поврзат со природата.
Маркирањето на патеките не е одговор. Светот на можности за планинарот ќе биде отворен кога тој ќе биде самостоен, а не кога нереално ќе се создаде „безбедност“ во непредвидлива планинска средина...“
|