Насоката на соништата – во еден ден
Основни викенд-тренинзи за искачување на насоката Regular Route (Normalna nasoka) на Half Doum ( Халф Доум) – или било која друга долга насока
- Текст од Тод Смит
Стратегија за насоката
Пристап – Ние одбравме да стигнеме еден ден пред качувањето и тоа по 17-тина километри долгата патека Mist Trail . Ова овозможува да спиете на источното рамо на Халф Доум – потребна е дозвола која се вади во Центарот во долината.
Само френдови – Најважна работа за да се забрза качувањето беше тоа што употребувавме само френдови за обезбедување. Тие лесно се поставуваат и вадат и колку помалку опрема се поставува на лесни должини – толку побрзо се движите. Земете дополнително и 6-7 мали и средни чокови...
Вториот со раница и јумар – Вториот во наврската треба да ја носи целата опрема на тимот во една мала раница за да му биде полесно на тој што води. Исто така вториот би било добро да има и јумар – така побрзо ќе ги минува потешките делови, а и воопшто е добро да се има таа алатка во случај ако се движите поспоро отколку што сте очекувале.
Паралелно – НЕ! – Од седмата до деветата должина тежината е 5.8 па и полесно. Планиравме овде да качуваме паралелно, но кога бевме на карпата тие делови ни се видоа потешки и одлучивме да се обезбедуваме. Генерално за побрзо качување добро е да се качува „во блокови“ – еден да води во континуитет по шест должини, а потоа да превземе другиот.
Качувањето во блокови има бројни предности: на алпинистите нема да има биде студено чекајќи и обезбедувајќи повеќе од една должина; водачот ќе „се загрее“, а вториот во наврската ќе има можност да се одмори подобро; промените на сидриштата ќе бидат брзи – водачот само ќе ја земе опремата од вториот и ќе почне да качува... Том и јас ја поделивме насоката на 5 блокови, при што јас како посилен качувач го зедов камините, а Том како подобар технички качувач ги зеде деловите кои ги поминувавме технички. Еве како направивме:
Блок 1; 1-6 должина: Јас го водев овој дел во кој имаше делови за слободно качување со оцена 5.9 и делови со оцена 5.10 и 5.11а кои беа со многу фиксни точки и кои лесно се поминуваа технички. (Запомнете дека ако сте преморени на некој дел, само поставете обезбедување и истегнете се до следната точка – поважно е постојано да се движите)
Блок 2; 7-12 должина: Делот на Том – слободно качување со оцена 5.9 а 10-тата и 12-тата должина технички.
Блок 3; 13-16 должина: Мој дел – камини со оцена до 5.9
Блок 4; 17-19 должина: Блокот на Том – техничко качување по таканаречените Цик-Цак пукнатини со тежина од 5.11 d .
Блок 5; 20-23 должина: Мој дел – комбинација на слободно и техничко качување. (овој блок го скративме за да може Том да го води делот со фиксната скала)
Психолошки добра работа во качувањето по блокови е тоа што кога имате 10 должини до врбот си велите дека имате уште еден-два блока до крајот наместо 10 должини.
Најслабата работа – сидриштата – Освен брзото качување важно е и брзо да ги поставувате сидриштата. Ако потрошите екстра 5 минути на секое сидриште тоа во целата насока со 23 должини значи 2ЧАСА!
Повеќето од сидриштата на Халф Доум се со експанзиони клинови – но не сите. Том и јас одлучивме на секое сидриште да ставаме по две точки за да направиме сидриште за помалку од една минута.
Брзо продолжување – собирање на јажето. Кога се качува во блокови водачот треба да го собира јажето на својата нога обезбедувајќи го вториот кој качува кон него. Кога вториот ќе дојде до сидриштето, крајот на првиот е најдолу во купчето собрано јаже. Тоа се режава само со превртување на купчето за да крајот на тој што води биде најгоре – за полесно давање на јажето. Затоа важно е тој што обезбедува да внимава како го собира јажето.
Исто така за побрзо продолжување со качувањето добро е опремата да биде поставена на гуртна поставена преку рамото. Така додека вториот се поставува на сидриштето, првиот може само да ја земе гуртната со целата опрема и да ја стави на неговото рамо. Вежбајте ги овие маневри на вашиот локалитет сé додека не го правите тоа да биде лесно под една минута.
Поврзувајте ги должините – Искачувањето ќе биде побрзо ако 13-тата и 14-тата должина го поврзете во една должина – на сидриштето измеѓу може да има гужва. Исто така може да се поврзат и 18-тата и 19-тата должина.
Не заглавувајте во камините – А- камините! Насоката има околу 150 метри во камини. Иако тежината никогаш не е поголема од 5.9, овие делови се веројатно најпроблематични за сите качувачи – многу повеќе отколку било кој друг дел. За тренинг – качувајте камини.
Носете скици од насоката – носете смалени и пластифицирани скици со вас во насоката и тоа две копии на разни места за да не ги изгубите.
Храна, опрема и облека
Храна и вода – Заедно имавме вкупно 3 литри вода во која имавме измешано прашкаста енергетска напивка и дополнителни 2 литра чиста вода. Во подножјето на насоката иам извор кој има вода во пролет и рано лето (распрашајте се дали има вода во периодот кога сакате да одите). Храна- јадевме пред да тргнеме, а со нас зедовме по 5-8 енергетски гелови за секого. Лесно се конзумираат при обезбедување. Некој може ќе сака да земе повеќе – научете да го слушате вашето тело при подготовките.
Опрема – Во насоката има многу поставена опрема во најтешките делови – дури и во камините па околу опремата е лесно:
2 комплети на френдови, 5 мали до средни чокови, 10 комплети, 4 гуртни со должина колку раката замоткани како за комплет, 4 гуртни со должина колку раката со по еден карабинер на нив, неколку слободни карабинери (избор), 4 лесни скалички, 1 гуртна со карабинер со матица за секого, 2 јумари, 60 метарско јаже (од 10мм) и 2 челни лампи. Комфорни патики за качување – ќе ги носите по цел ден без да ги вадите.
Облeка – Синтетика – панталони и маици со кратки и долги ракави, капа и лесна ветровка. Чекајте добра временска прогноза затоа што дури и да имате облека за такви услови нема да ви се допадне да бидете во невреме 15 должини над земја на Халф Доум. |