Насоката на соништата – во еден ден
Основни викенд-тренинзи за искачување на насоката Regular Route (Normalna nasoka) на Half Doum ( Халф Доум) – или било која друга долга насока
- Текст од Тод Смит
Подготовки
Том и јас сакавме да ја поминеме слободно секоја должина. Знаевме дека ако се потпреме на техничко качување за кое понекогаш е потребно повеќе време, веројатно нема да стигнеме до врвот во еден ден. Поради тоа се подготвувавме да бидеме во одлична форма за слободно качување – не требаше да станеме само посилни туку и поиздржливи за да качуваме цел ден без прекин.
Качување на долги насоки – Качување на 23 различни насоки од по една должина може да биде одличен тренинг за сила за Regular Route, но тоа не е доволно добра подготовка за умот ниту пак за менувањето при водењето и на сидриштата за кое е потребно одредено време. Наместо тоа најдобро е да се најде некоја подолга насока која ќе се води со поставување на опрема и тука тренирајте за основите: добра физичка подготвеност, пронаоѓање на насоката, качување на експонирани 5.9 делови, качување со ранец и брзи промени на сидриштата.
Физичка подготвеност – На средно тешките должини на Халф Доум единствена работа која ќе ве успорува е ритамот на срцето. Тренирајте подобро – трчајте, пешачете по планини со ранец на себе и сл. Најмалку два пати во неделата.
Тренирајте на тешки насоки – Додека тренирате подигнувајте го вашето ниво на слободно качување. Треба да можете слободно да качувате делови од 5.9 и 5.10 на Regular Route. Затоа при тренингот качувајте 5.11-ки. Дури и да треба да виснувате од време на време на нив, следниот пат кога ќе поминувате 5.9 ќе биде многу полесно. Треба да водите делови од 5.10 – повеќето должини на Халф Доум се со тежина 5.9, но ќе бидете изморени поради тоа што ќе качувате брзо и тие ќе ви бидат потешки. Вежбајте различни проблеми со тежина 5.10
Вежбајте со опремата за Халф Доум – Качувајте насоки со една или повеќе должини со опремата која ќе ја носите на Халф Доум и така ќе бидете поподготвени со вашиот партнер да користите одредени делови од таа опрема или пак да бидете затекнати да немате доволно опрема.
Научете да качувате технички – По големиот дел од Regular Route се поминува слободно, но постојат делчиња како некои пречења и детали од 5.11 кои би требало да знаете да ги поминете и технички. Добра вест е тоа што овие делови на Халф Доум лесно се поминуваат на овој начин (само со лесно тегнење за опремата за да напредувате) поради тоа што тие се обилно обезбедени и нема да имате потреба да носите дополнителна опрема за техничко качување со вас. Од една точка на друга лесно се стигнува со прикопчување на карабинер или застанување на гуртна (на која ќе може да висите и ако треба да се одморите) и кога ќе се потегнете на нив ќе ја дофатите погорната точка.
Вежбајте го техничкото качување (како прв и втор во наврска) на насоки со една или повеќе должини и експериментирајте брзо да прикопчувате во точката над вас. Само по неколку должини ќе станете многу побрз во оваа техника која ќе ви дојде добро на Халф Доум. Еве ги должините каде има техничко качување на Regular Route :
4-та должина: Кратка фиксна скаличка од која по само неколку експанзиони се стигнува до полесен дел од 5.9 – овде можете да се влечете и на вашите гуртни.
10-та должина: Фиксна скаличка која завршува во дел од каде со занишување се стигнува до сидриштето (со експанзиони клинови)
12-та должина: овде може да се отиде и по полесен (но страшен) дел од 5.9+ по еден камин од лева страна или пак да се помине технички со многу фиксни точки дел кој е оценет како 5.11 c – вака прават повеќето наврски
18-та и 19-та должина: Овие две должини со оцени 5.11 d и 5.10d може да се качат технички како една долга должина.
20-та должина: 15-тина метри техничко качување со многу веќе поставена опрема
22-ра должина. Фиксна скаличка со пречење во средината на должината. Овде може со два комплети да се прикопчуваат експанзионите клинови над вас еден по друг а со нозете да се оди на триење.
|