Презентации, предавања, едукација...

Alpinizam.org е целосно посветен на промоција на вистинскиот алпинизам во Македонија и со организација на разни манифестации (предавања, презентации и сл.) во иднина ќе допринесува во едукацијата и информирањето на јавноста. Целта ни е да се прикаже нашата работа како алпинисти и да се прикаже спортската вредност на вистинскиот алпинизам...

Ова се презентациите кои до сега сме ги организирале - самостојно или како коорганизатори:

 

 

Алпинистичи искачувања во Кордилерите

Во соработка со Македонската Алпинистичка Асоцијација на 5-ти Март 2007 година во салата на „Даре Џамбаз“, организиравме презентација за алпинистичките искачувања во Кордилерите – во Перу, направени од македонскиот алпинист Шакшама - Слободан Колоски.

Шакшама (36) својата алпинистичка едукација ја започна во Алпинистичкото Друштво Матка под инструктажа на Костантин Циривири, а надградбата ја продолжи во САД под инструктажа на Иштван Шагар кој му го претстави светот на „традиционалните“ насоки на локалитетот Ганкс и Американецот Анугата Бах со кого денес и најчесто качува во Перу...

Повеќе >>>>

 

Високите Врвови

Во организација на на 23 Ноември 2006 година во Амфитеатарот на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии се одржа презентацијата - „Високите врвови“.

Презентер беше младиот бугарски алпинист Дојчин Бојанов кој ни ги претстави неговите искуства во експедициите на Еверест (8850м), К2 (8611м), Нанга Парбат (8125м) и Хиден Пик (8068м). Салата беше исполнета до последното место, а покрај фотографиите од овие експедиции Дојчин на присутните им го презентираше и филмот направен за искачувањето на Нанга Парбат. Биографија на Дојчин Бојанов и интервју, фотографии од неговата посета на Матка...

Повеќе >>>>

Copyright © 2005 Alpinizam.org