Алпинистички искачувања во Кордилерите
Во организација на и Македонската Алпинистичка Асоцијација на 5-ти Март 2007 година во 19:00 часот во салата на „Даре Џамбаз“, македонскиот алпинист Слободан Колоски - Шакшама одржа интересна презентација за неговите алпинистички искачувања во Кордилерите – во Перу.
Шакшама (36) својата алпинистичка едукација ја започна во Алпинистичкиот клуб Матка под инструктажа на Костантин Циривири, а надградбата ја продолжи во САД под инструктажа на Иштван Шагар кој му го претстави светот на „традиционалните“ насоки на локалитетот Ганкс и Американецот Анугата Бах со кого денес и најчесто качува во Перу.
Шакшама има качувано на разни локалитети во Македонија, Бугарија, Турција, Тајланд, Индонезија, САД, а овде ви ги претставуваме само искачувањата направени во Перу (до моментот на одржување на презентацијата):
2002
Аклиматизација на Валунараху (5686м) – по северниот гребен ( AD-) и Ишинка (5530м)
Чопикалки (6354м) – по насока со оцена AD стигнува до 6150м
2004
Мапараху (5326м) - аклиматизација по насоката која оди по југо-западната и западната страна со оцена F-.
Токлараху (6032м) – по западната страна по насока со тежина D+
2006
Аклиматизација на Писко (5752м) по југозападната страна ( PD) и Урус (5420м) по насока која оди по југо-источната страна и источниот гребен со тежина PD-
Ранрапалка (6162м) по северната страна, по насока со тежина TD+ (Скандинавската насока)
За повеќе инфо: kontakt@alpinizam.org |