Други презентации:
- „Алјаска - таму каде што амбицијата доаѓа за да умре“, Бојан Митковски (ноември/2012г.);
- Ехо 2012-та (Презентации на Жикица Ивановски, Трајче Панковски, Христо Белакапоски, Билјана Гичевски, Бојан Петковски и Урбан Новак);
- „Качувањето во Британија“, Ед Саутвуд (април/2012г);
- „Качувањето во Шведска“, Петар Бавчанџиев (декември/2011г.);
- „Алпинистички искачувања во Кордилерите“, Слободан Колоски - Шакшама (март/2007г.);
- „Високите врвови“, Дојчин Бојанов (ноември/2006г) |
Алјаска - таму каде што амбицијата доаѓа за да умре
-19.11.2011г., Игор Т.
Во организација на и клубот „Менада“ во старата скопска чаршија, на 21-ри ноември (Среда), со почеток во 20:30 часот, Бојан Митковски ќе одржи презентација насловена: „Алјаска - таму каде што амбицијата доаѓа за да умре“.
Презентацијата ќе биде за дел од неговите патешествија и искачувања во САД, со нагласок на експедицијата на Денали во 2010-та година. Ќе бидат споменати следниве искачувања: зимско искачување на Middle Teton (во еден здив), Exum Direct, Големата пречка на Тетоните, Black Ice кулоарот, неуспешен обид за првенствена насока на северната страна на Grand Teton, пречката Wolfs на циркот на Кулите, соло на северо-западниот кулоар на Middle Teton (AI3) итн...
Влезот е слободен. Повелете да уживаме во вистинска алпинистичка приказна!
|