Презентација и филмче
Во организација на и клубот „Менада“ во старата скопска чаршија, на 22-ри декември (Четврток), со почеток во 19:45 часот, Петар Бавчанџиев одржa презентација насловена: „Качувањето во Шведска“. Тема на оваа презентација беше претставување на историјата на качувањето во оваа земја, приодот, организацијата на клубовите, поважните качувачки локалитети...
Петар веќе неколку години живее во Шведска, во местото Флуиње (Flyinge), во близината на градот Лунд (Lund) и е член на качувачкиот клуб Сконес (Skånes Klätterklubb (SKK)). Таму во моментов е кандидат за инструктор, а исто така тој е и член на тимот за интервенции во склоп на Црвениот крст во Лунд и член на Извршниот одбор за цивилна заштита на овој град.
По презентацијата беше прикажан и шведскиот филм „Зависник од пукнатини“ („Crackoholic“), кој е посветен на качувањето во областа Бохуслан во Шведска:
Влезот е слободен.
Ве покануваме во предновогодишно расположение, релаксирано да се дружиме и уживаме во фотографии и сцени од качување по карпите во оваа скандинавска земја...