Share

Crackoholic

-13.12.2010г, Игор Т.

Приказна за страст

„Бохуслан е единственото место од висока класа. Тоа е спас за качувањето во Шведска“ – Мариус Морштад

Конечно го гледав :)))!!! Филмот многу пријатно ме изненади. Ќе бев задоволен и „само“ со филм кој е посветен на качување во чист стил на локалитетите во Бохуслан – Шведска, т.е. филм во кој ќе бидат прикажувани сé потешки и потешки искачувања. И да - го има тоа во голема мера: големи растојанија од последниот чок или френд, паника, потење, страв од тежок пад, голема насмевка на врвот, огромно задоволство од завршениот проект... Но приказната е многу повеќе од тоа! Таа многу убаво ја прикажува вљубеноста на локалните качувачи во чистиот стил, во карпите во чија близина се преселиле или пак изградиле викендички – за да бидат што поблиску до нив... Супер приказна за страста на група „зависници од пукнатини“ кои со голема посветеност од самиот почеток ги поместуваат границите на качувањето – пристапувајќи кон карпата со голема почит. Приказна која ја покажува еволуцијата во качувањето во овој дел од Шведска – со историја која започнува во средината на 1970-тите години преку тешки чисти насоки низ пукнатини, плочи, остри гребени... Уште едно „мора да се гледа“ за секој кој го сака чистото качување! Секоја чест за проектот на Јонас Паулсон и Микаел Видерберг кои работеле на филмов скоро 4 години - прекрасна приказна!

 

И да - уште една дестинација во списокот ;)

Ви ги препорачуваме и:

- First Ascent: The Series;

- Crackoholic;

- Psyche 1, On sight

- Е11, Committed 1;

- The Sharp End, First ascent;

- Bachar: Man-Myth-Legend;

- Hard Grit

Copyright © Alpinizam.org