First Ascent (Времетраење: 1ч10мин)
Прекрасно филмче кое се разликува од другите во тоа што на крајот – во последните 10-тина минути, режисерот многу умешно го заокружува со убава порака во поглед на искачувањето на нови насоки. Фантастични искачувања кои многу значат – пукнатините на Тротер и Берто, нови насоки во Хималаите, Црниот Кањон во САД, дилфер пукнатината на Дин Потер... Филмче со многу интересни реплики!
*****
The Sharp End (Времетраење 1ч03мин)
Филмот е добро опишан со една реченица при крајот: „Истражување во светот на силните авантури“. Секако овде се мисли на авантурите во качувањето. Микс филм за разни аспекти: традиционално качување, болдеринг, силни алпинистички качувања, техничко качување, соло – од силни качувачи во многу висок стил т.е. како што кажува насловот на филмот од качувачи кои постојано се „на работ“...