Сендер Филмс во 2010 година преку ова свое дело ни понудија 6 приказни (епизоди) од по отприлика половина час секоја. Филмот е сниман во период од две години – на пет континенти и веќе почнува да ги освојува највисоките награди на најголемите планинските филмски фестивали во светот (тој е со сличен наслов и треба да се разликува од нивниот First Ascent од 2006 година)...
И епизодите одат вака: првата е за соло качувањето на Алекс Хонолд на Халф Доум (има и снимки од други солирања, но ова е „врвот“), втората е за искачувањето на нова насока во Патагонија од страна на Стенли Лири и двајца негови пријатели – посветено на неговата девојка (која била исто така одличен качувач) која загинува во сообраќајна незгода, третата е за новото најтешко искачување на Крис Шарма, четвртата ги покажува подготовките и последните моменти од експедицијата на Монт Едгар од страна на Џони Коп, Мајка Деш и Вејд Џонсон кои таму загинуваат во лавина, петтата е за Тими О’Нил и неговиот брат Шон кој е парализиран од половината надолу и за нивните искачувања меѓу кои и тоа на Ел Капитен и во Алјаска и шестата за Дин Потер и комбинацијата на неговите тешки соло искачувања со BASE скокањето... Вака - на грубо :) Сите епизоди се интересни и прекрасно снимани приказни кои вредат да се видат! Наши омилени – солирањето на Алекс Хонолд и тажната приказна за Џони, Мајка и Вејд...