E11 (Времетраење 42мин)
Приказна за посветеноста на шкотскиот качувач Дејв Меклауд кон неговата насока - „Рапсодија“. Според британскиот систем на оценување во тој момент таа ја има највисоката техничка тежина – Е11. Ако се знае дека што поголема е бројката зад буквата „Е“ толку пореални се шансите за сериозен пад на слаба точка за обезбедување (микро чокчиња во случајов) – можете да претпоставите што сé има во филмот...
*****
Committed – Прв дел (Времетраење 1ч17мин)
Филмче за силниот традиционален стил на качување во Англија. Се појавуваат 15-тина качувачи водени според качената техничка тежина од Дејв Меклaуд и Џејмс Пирсон, со коментари на Џон Дун и Џони Дос на насоки високо според „Е-скалата“ (види оцени во Британија): Е10, Е11... Сепак според нас најубави се он-сајт искачувањата на Џуд Спанкен со „само“ Е6 оцена и новата насока на Нил Мекнер и Ден Мекменис – „Арка на слободата“ Е6...