On sight (Времетраење: 1ч 07мин)
Одлично! Филм кој нé потсетува зошто сме почнале да качуваме – поради слободата, поради самите себе, поради авантурата во истражувањето, влегувањето во непознатото... Силни качувачи на карпа и мраз – на непознати линии во чист стил со огромна, огромна посветеност и етика за почит!
*****
Psyche 1 (Времетраење: 1ч 17мин)
Силни искачувања – Стив Меклур на кратки насоки, Иан Парнел и Енди Киркпатрик во нивната фантастична авантура наречена „Патагонија во зимски услови“ и Дејвид Биркет – иконата на силните искачувања во чист стил... Наш фаворит: делот со Патагонија! Всушност и најнаградуваниот дел од целиот филм на некои фестивали за планински филмови... НО – сите делови се фантастични!