Едно од најпознатите филмчиња посветени на храбриот стил на качување во Британија. Единствена замерка во однос на стилот: најголем дел од качувањата се направени со хедпоинт т.е. претходно долго вежбање на движењата со веќе поставени точки за обезбедување - но чисти точки (френдови, чокови...). Сепак сите се многу смели со опасност од сериозни повреди при пад, па инспиративна е посветеноста на сите (повеќе од 30) качувачи кои се појавуваат. На почетокот на филмот има краток приказ на историјата на качувањето во Британија...