Високите Врвови
Во организација на на 23 Ноември 2006 година во 20:00 часот во Амфитеатарот на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии се одржа презентацијата - „Високите врвови“
Презентер беше младиот бугарски алпинист Дојчин Бојанов кој ни ги претстави неговите искуства во експедициите на Еверест (8850м), К2 (8611м), Нанга Парбат (8125м) и Хиден Пик (8068м).
Биографија на нашиот домаќин:
Име и презиме: Дојчин Венциславов Бојанов
Датум и место на раѓање: 01.06.1976 - Софија, Р. Бугарија
Занимање: Магистер по програма „Спорт за високи достигнувања“ и Докторант на НСА „Васил Левски“ на катедра „Туризам, алпинизам, ориентација и скијање“
Спортска биографија (до моментот на презентацијата):
1999г. - Елбрус (5642м) и Улу-Тау (4200м) (стигнал до 4000м)
2001г. - Броад Пик (8047м), Пакистан - до 7300м и Демавенд (5671м), Иран
2002г. - Арарат (5137м), Турција
2003г. - Пик Ленин (7134м), Киргистан
2004г. - Еверест (8850м), Кина(Тибет) - без употреба на дополнителен кислород. Прогласен за спортист на Бугарија за месец Мај 2004г.
2005г. - К2 (8611м), Пакистан - до 8150м
2006г. - Нанга Парбат (8125м), Пакистан и Хиден Пик (8068м) - до 6500м, Пакистан. На Хиден Пик (уште познат и како Гашербрум 1) заедоно со алпинистот Николај Петков заминаа со цел да искачат нова насока, а Нанга Парбат им беше „аклиматизација“)
Во соработка со:
|