Интервју со Дојчин Бојанов

Прашање: На 25 години прв пат отиде на планина повисока од 8000 метри, а сега со 30 години веќе имаш 5 такви искуства. Многу млад со многу богати искуства…

Д.Б. Високите планини веднаш ме привлекоа. Моите соништа беа поврзани со хероите од книгите кои се искачуваа на тие врвови – кои ги читав како дете. За мене тие беа најхрабрите. Среќен сум што во мојот пат во алпинизмот со некои од нив усепав да се сретнам па дури и да качувам.

Прашање: Алпинизмот за тебе не е само спорт – ти си докторант на НСА за таа катедра. Очигледно планините се навистина целиот твој живот. Кога почна прв пат да одиш на планина?

Д.Б. Роден сум во Софија. Местото каде живеам ги нема белезите на големиот, бучен и валкан град. Живеам во населбата Књажево – место каде се сретнуваат две планини: Лулин и Витоша. Моите игри како дете беа на тие планини. Имав прекрасно детство. Нема конкретен момент или одлука кога сум се определил да почнам да работам алпинизам. Работите сами се поставиле и сé почнало со мојата љубов кон планините и детските соништа за нив.

Прашање: Зошто одлучи да се качиш на Еверест без дополнителен кислород и дали имаше некакви лоши искуства поради тоа?

Д.Б. За мене искористувањето на кислород е како користење на допинг. Тој ти овозможува да постигнеш нешто што е над тебе – без да имаш самиот способност да го направиш тоа. Светски познатиот алпинист Рајнолд Меснер ги нарекува луѓето кои користат дополнителен кислород – полуроботи. Јас целосно се согласувам со тоа. Искачувањето не остави никакви здравствени проблеми кај мене. Бев физички и психички подготвен да го направм тоа, а веројатно имав и голема среќа. Никогаш не ми било потешко, но тоа беше чесно кон планината.

Прашање: Твој партнер оваа година беше Николај Петков. Со оглед на неговото богато искуство сигурно имаш можност многу да научиш од него?

Д.Б. Се разбира. За мене претставува големо задоволство да качувам со Николај Петков, кој е еден од најискусните бугарски алпинисти.

Прашање: Колку долго работиш со него?

Д.Б. Заедно сме од 2001 година кога нашата експедиција раководена од него се искачи на Броад Пик (8047м) во Каракорам во Пакистан.

Прашање: Храбра одлука е во мал тим да се качи нова насока на планина повисока од 8000 метри. Партнерите мора многу да си веруваат еден на друг. Кога одлучивте на тој начин да се качите на Хиден Пик (8068м) и како се подготвувавте?

Д.Б. Искачувањата на нова насока на врв повисок од 8000 метри во мал тим и нискобуџетна експедиција се најценетите алпинистички искачувања од гледна точка на спортско постигнување и човечки можности. Без употреба на кислород, носачи и поткрепа од пријатели зад себе... Наша цел беше сé тоа да се направи во чист алпинистички стил и верувам дека кога ќе се вратиме на Хиден Пик при добри временски услови и Божја помош ќе успееме. Посебните подготовки траеја една година, но пред тоа и двајцата имавме соодветни искуства.

Прашање: Што ти остави најмногу впечаток во овие Хималајски експедиции и кои се твоите најубави искуства и доживувања?

Д.Б. Искачувањето на Нанга Парбат (8125м) оваа година беше најпријатната и најфината експедиција во која сум учествувал. Од врвот се гледаат трите највисоки масиви во светот: Хималаи, Каракорам и Хиндукуш, а долу 7100 метри пониско, се гледа реката Инд. Сето тоа и славната историја на тој врв и неговото место во соништата на секој алпинист ме прави да се чувствувам среќен со тие моменти кои ги преживеавме на Нанга Парбат.

Прашање: Во нашата држава алпинизмот е крајно маргинализиран. Колку вие имавте подршка од Агенцијата за млади и спорт на Бугарија и приватните компании?

Д.Б. Повеќето наши проекти за врвовите повисоки од 8000 метри се солидно поткрепени од Министерството за спорт или сегашната Државна Агенција за Млади и Спорт. Таков е односот кој го има државата кон спортот и алпинизмот. Еден дел исто така се и средства од спонзори, пријатели и истомисленици.

Прашање: Кои се твоите следни планови?

Д.Б. Во најблиска иднина ќе имам поголеми ангажмани во Спортската Академија, а планирам и искачувања во Алпите и во Алјаска. Се надевам со врвовите повисоки од 8000 метри да се сретнам за една до две години.

Алпинизам.орг: Ти посакуваме многу успех во следните експедиции и се надеваме дека наскоро повторно ќе имаме задоволство да ги споделиш тие искуства со нас.

Во соработка со:

 

Високите Врвови

Еверест

К2


Нанга Парбат

 


Хиден Пик (Гашербрум 1)

 

Copyright © Alpinizam.org