Други презентации:

- „Алјаска - таму каде што амбицијата доаѓа за да умре“, Бојан Митковски (ноември/2012г.);

- Ехо 2012-та (Презентации на Жикица Ивановски, Трајче Панковски, Христо Белакапоски, Билјана Гичевски, Бојан Петковски и Урбан Новак);

- „Качувањето во Британија“, Ед Саутвуд (април/2012г);

- „Качувањето во Шведска“, Петар Бавчанџиев (декември/2011г.);

- „Алпинистички искачувања во Кордилерите“, Слободан Колоски - Шакшама (март/2007г.);

- „Високите врвови“, Дојчин Бојанов (ноември/2006г)

Качувањето во Британија

-30.03.2012г., Игор Т.

Презентација
Во организација на и клубот „Менада“ во старата скопска чаршија, на 2-ри април
(Понеделник), со почеток во 19:45 часот, Ед Саутвуд одржа презентација насловена:
„Качувањето во Британија“, преку која тој ни претстави дел од поважните локалитети во Британија
и дел од историјата на качувањето во островското кралство.

Ед (31) е професор по математика и почнал да качува на 16-годишна возраст. Вели: „Горд сум на
тоа како почнав да качувам. На 16 години си купив јаже, изнајмив некои книги од библиотеката и
почнав да учам да качувам. Една година мислев дека сум најискусниот качувач кој го познавам!“

Тој е член на неколку организации: Climber’s Club (оформен во 1898-мата година), Yeovil Mountaineering Club (локален клуб во местото каде што живее) и во British Mountaineering Coucil.  

Вели: „Имам качувано на Ел Капитен, локалитети во Британија, Канада, Тајланд, Австралија
и во Алпите. Едвај чекам да ја додадам Македонија на овој список!“

Ед покрај други активности продава и маички: http://www.t-rad.co.uk/
Тој беше супер гостин и презентацијата беше одлична можност да се види што тоа таму се случува преку каналот Ла Манш!

Copyright © Alpinizam.org