Интервју за „Викенд“ (викенд додаток во „Дневник“)
- водено од Емилија Маневска
На Кордилерите во Перу, кои се високи и над 6000 метри, познати како Перуански Анди, три пати успеал да ги освои македонскиот алпинист Слободан Колоски-Шакшама. Тој со својата експедиција успешно освоил дел од дваесет и пет врвови високи и над 6096 метри. При својата последна посета на оваа јужноамериканска земја се задржал еден и пол месец и за тоа време освоил повеќе врвови на Кордилерите.
-Природата во Перу е многу специфична. Има дел од амазонската џунгла, пустински и планински предели. Тие многу се разликуваат од другите слични во светот. Во висинските предели се среќаваат животни како лама, алпака и вискуна, што ги нема на други места.-објаснува Шакшама кој ова име го добил од својот духовен учител Шри Чинмој, кој е негова голема инспирација за искачувањата.
Кордилери Бланка се простираат 180км во должина, а во широчина 20км и заземаат север-северозападен правец. Колоски вели дека поради голбалното затоплување но и поради тоа што овие планини се наоѓаат н само 9 степени од Екваторот, во последните децении почнале да се повлекуваат ледниците, така што веќе ги нема подолу од 4800 метри нв. Поради тоа долините под нив, наместо со мраз, се покриени со трева.
Во Перу се слуша групата Анастасија
Од аспект на пристапност, Кордилерите се нешто како Алпите и Хималаите заедно, но на овие планински масиви нема жичници и домови како на Алпите.
-За да стигнете под планините не ви се потребни неколку дена како на Хималаите. Добра база е градот Хуараз до кој се стигнува за околу 8 часа возење со автобус од главниот град на Перу, Лима. Од Хуараз за половина ден веќе почнувате да влегувате во срцето на тие планински масиви – објаснува Шакшама.
Колоски вели дека на секое патување освојуваат врвови со различни тежини. Во Перу прво се запознал со пониските врвови, заради аклиматизација, а потоа почнал да освојува и повисоки и технички потеки карпи.
-На неодамнешното качување одевме по насока висока 900 метри со агол од 60-70 степени. Насоката беше мешана со карпа и мраз и беше оценета како многу тешка.
Врвот на кој се искачувале бил дел од планината Ранрапалка, висока 6165м. Селата под планината се на 3700мнв, од каде што изнајмувале маски за опремата што ја смествуаат во камп што е на 4350мнв. Шакшама и неговиот американски пријател Анугата Бах кој постојано го придружувал во алпинистичките експедиции со опремата се искачиле на 5200м каде што поставиле шатор.
-Последниот дел од искачувањето е во алпинистички стил, ги носиме само најнеопходните работи со нас. Неколку пати бевме принудени да преноќиме на самата насока под врвот, без вреќи за спиење и без шатор. Тоа е интересно искуство. Замислете си 6000м ноќе, со температура од –15 степени, да немате ни шатор, но вреќа за спиење, а дува ветар. Во такви случаи обично копаме дупка во снегот за да се скриеме од ветерот, облекуваме сé што имаме и чекаме времето да се смири. Сонот можете да го фатите само 15 минути, но и покрај тоа чувството да се биде на 6000м како дел од надземската убавина без човечка трага е прекрасно – вели Слободан кој досега освен во Перу патувал и во Кина, Индонезија, Малезија, Тајланд, Австралија, Бразил, САД и во Турција.
Природните убавини што Шакшама ги видел во Перу се сосмеа различни од тие во Македонија. Но, каде и да патува, тој мисли на својата земја. За време на оваа експедиција на Македонија го потсетила музиката на етно групата анастасија, што случајно ја слушнал во едно кафуле.
Луѓе со чиста душа
Во Хуараз, градот што секогаш го посетува главно се зборува шпански, но голем дел од населението, особено тие што живеат во селата под високите врвови, го задржале јазикот на своите предци Кечуа-Индијанците, потомци на Инките.
-Најголем број од населението зборува шпански но некои од луѓето што живеат во подалечните села говорат само кечуански или имаат таков дијалект – објаснува Шакшама.
Откако на нивната територија се населиле Шпанците, за да опстанат, тогашните Индијанци морале да го примат христијанството како своја религија. Сепак, како што вели Слободан, тие задржале голем дел од својата култура.
-Луѓето во селата живеат од земјоделсите култури и добитокот што го одлгедуваат во долините создадени од глечерите. Интересно е што во Перу пробав и други видови пченка што во Македонија воопшто не се познати. Освен тоа, Кечуанците одгледуваат и киноа, жито што им останало од нивните предци- вели Колоски и додава дека тоа е специјалитет на тој регион зашто киноата ја има само во тој предел.
Кога човек патува, особено на друг крај во светот, неговиот организам е бомбардиран од разни бактерии. За да се заштитат од болести, Слободан и неговите пријатели јадат во поелитни ресторани надевајќи се дека нема да дојдат во допир со бактерии што ќе го нарушат функционирањето на стомакот, што може да им пречи при качувањето.
Во местото Чавин, што се наоѓа во близина на градот Хуараз има историски споменици останати од периодот уште пред Инките кои Шакшама ги посетил.
-Колку одиш повисоко и подалеку од главните градови куќите им се поспецифични. Ѕидовите се кружни, останале така од старите времиња. Околу селата има и руини од минатото. Одејќи по патот се сретнуваат и патокази изработени од камен. Тоа се парчиња карпа што се режани само д страните за да остане врвот, кој го покажува правецот. На тој начин овие луѓе се ориентирале низ планинските патчиња.
Тој вели дека луѓето што живеат таму се многу гостпримливи у ште на прв поглед се гледа чистината на нивната душа. Тие се облекуваат традиционално како и порано, а имаат задржано и многу други обичаи автнтични за нвините корени.
-Во градот има триесетина туристички агенции што нудат туристички водичи а тиа имаат „страшни“ приказни за локалните места. Тие ги познаваат времеснките услови и погодностите за качување, па неминовно е да се советуваме со нив – завршува Колоски. |