Текстови за овие искачувања - со акцент на нашите насоки:

- „Не го буди змејот“ (VI+, 60м) кај Трескавец (мај/2014);

- ВИДЕО (октомври/2013)

- Собир на МАФ на Остра Карпа (октомври/2012);

- „Тајниот премин“ (VI, 7м), Камена баба (април/2011);

- „Пинки“ (VI-, 35м), Камена баба (април/2011);

- „Убаини“ (V, 30м), Камена баба (март/2011);

- „Убава“ кај Трескавец (јуни/2010);

- „Ајкула“ на Плетвар (мај/2009);

- „Кривиот оџак“ и „Античка стрела“ кај Трескавец (февруари/2009)

 

Share

Во чист стил околу Прилеп

- 26.05.2014г, Игор и Весна Т.

- Фотографии од нашите искачувања во чист стил на карпите околу Прилеп:
Камена Баба, Плетвар, Остра Карпа, Трескавец...


- Камена Баба (десно) со Златоврв и манастирот Трескавец во позадината (средина)


- Камена Баба (источната страна, висока околу 80м)


- Овде единствено до сега ја имаме качувано прекрасната „Василица“ (VII-, 80м)


- Во југозападниот крај на Камена Баба има неколку убави насоки/пукнатини по околу 30-тина метри


- Конкретно, овде најчесто ги качуваме "Sunny crack"(лево) и нашата „Пинки“ (десно, 35м, VI-)


- Западната страна на Камена Баба со насоки околу 30м. Ова се тие кои најчесто ги качуваме:
1) Бабина дупка, 2) Претседателот, 3) Љољо, 4) (нашата) Убаини, 5) Овчарска и 6) Вертикалада
Има и други линии лево и десно, но кога ќе ги поминеме нив - тогаш ќе има детали и за нив...




Под Златоврв - во близината на манастирот Трескавец имаме качувано на две карпи: десната, каде што се наоѓа
нашата прва насока во чист стил во Прилеп: „Кривиот оџак“ (качена во 2009 г.), но и „Убава“ (качена во 2010 г.)
и левата карпа, каде се наоѓа нашата „Не го буди змејот“ (качена во 2014 г.)



- Во „Кривиот оџак“ (40м, V)



- Веднаш спроти „Кривиот оџак“ е и нашата „Убава“ (40м, VI-)



- На стотина метри северно од Трескавец е и оваа карпа на која ја качивме „Не го буди змејот“ (60м, VI+)

Наскоро - следуваат и фотографии од Остра Карпа и Плетвар...

Copyright © Alpinizam.org