Интервјуто е направено за списанието Climbing

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share

Интервју со Мартин Моран и Миха Валич

-08.10.2008г

Кога словенечкиот алпинист Миха Валич се искачи на сите 82 врва повисоки од 4000 метри во Алпите во 102 дена, (почнувајќи од 27-ми Декември до 7-ми Април), тој направи голем потфат - нешто што беше како што самиот вели „трн во окото на европските алпинисти“. Во 1993 година, британските алпинисти Мартин Моран и Сајмон Џенкинс искачија 75 врва во 52 дена... Следуваат интервјуа со Мартин и Миха:

Интервју со Мартин

Прашање: Во времето кога ти и Сајмон го направивте вашиот подвиг на листата имаше само 75 врва. Што се промени во рангирањето или дали во тој момент немаше официјална листа?
Одговор: Сите 75 врвови кои ние ги искачивме беа со најмалку 35 метри висинска разлика и во тој момент листата на УИАА со 82 врва не беше објавена. Ние поставивме наш сопствен параметар за тоа што го прави еден врв самостоен. Во основа нашата и листата на УИАА многу малку се разликуваат.

Томаз Јакофчич на ШрекхорнПрашање: Како вие се движевте помеѓу врвовите и каква подршка имавте?
Одговор: Нашето патување не беше моторизирано, зависевме само од самите себе и беше во континуитет. Возевме велосипеди од еден масив до друг и пешачевме или скијавме по пристапот. Не употребувавме ски-лифтови и жичари. Имавме тим за подршка кој ни носеше храна во неколку наврати.

Прашање: Тоа го направивте во летни услови. Кои се најголемите разлики помеѓу условите на кои вие наидовте и тие кои човек би ги сретнал во зима. Кои беа најголемите проблеми за вас – невремињата? Влажните пукнатини? Кршливиот терен кој би бил подобар ако на него има снег?
Одговор: Кога ние бевме таму условите беа многу лоши – многу снег и невремиња. Сепак, домовите беа преполни, а пристапот немаше снег. Во зимски услови најголемиот проблем се големите шанси за обилни врнежи од снег на сите висини што би претставувало проблем при искачувањето и би имало голема опасност од лавини. Оваа зима Миха имаше долги период на одлични временски услови, но кога дојдоа невремињата во Март тој се соочи со големи проблеми. Во летни услови може да има невреме во период од две дена и тоа да предизвика опасни услови во наредните три дена, но во зимски услови невремето може да трае една недела и да создаде опасни лавински услови и стреи на гребените уште цела недела откако тоа ќе помине.

Прашање: Што треба да се има од аспект на кондиција, способност и подршка за да се направи искачувањето на овие 82 врва во исто толку денови?
Одговор: Голем предизвик е да се направи континуриано патување во зимски услови на ист начин како ние тоа го направивме во летни. Тоа беше начин кој беше прифатен и од Патрик Беро во 2004 година кога тој скијаше од еден во друг регион, но тоа го направи во пролет, а не во зима. Ако се имаат добри временски услови без обилни снежни врнежи мислам дека е можно да се направи континуирано 82 дневно движење, но ќе треба подршка од други тимови, добро познавање за многу врвови и наврска од многу способни и решителни алпинисти.

Прашање: Какво е твоето мислење за достигнувањето на Валич? Зошто ова било долго време трн во окото за европските алпинисти?
Одговор: Миха Валич заслужува големи пофалби за решението тоа да го направи во зимски услови. Неговата цел тоа да го направи во 82 дена беше голема и покрај тоа што употребуваше жичари и не го правеше тоа во континуитет. Неговиот успех ги постави темелите за идните зимски обиди.

Прашање: Кои се најтешките врвови по нормалните насоки од оваа листа?
Одговор: Шрекхорн, Ташхорн, Матерхорн, Вајсхорн, Еги Верт, Гранд Жораз и Еги Бланш де Потеро се најтешките планини, но најниските врвови на листата се најтешки и најтехнички. На пример: Гребенот Диабле на Монт Блан ду Такул или Западниот Гребен на Гранд Жораз...

Прашање: Нешто што не те прашавме?
Одговор: Само што напишав на англиски јазик водич за класичните насоки на врвовите повисоки од 4000м кој ќе биде објавен при крајот на Јуни (2007г). Има илјадници алпинисти кои во подолг период (од 10 или 15 години) сакаат да се качат на сите овие врвови и овој предизвик им ја дава целта и фокусот на нивното качување.


Интервју со Миха

Прашање: Каде си роден?
Одговор: Во Љубљана, Словенија.

Прашање: Што те инспирираше да го направиш овој подвиг? Зошто во зимски услови, а не во пролет или лето како што правеа другите?
Одговор: Мислев на некои слични проекти и кога го почнав истражувањето дознав за некои други претходни маратони во Алпите. Ми изгледаше интересно и тешко и решив да се обидам. Избрав зимски услови затоа што сакав да направ еден чекор подалеку од другите обиди и успехот на Мартин Моран и Сајмон Џеникнс во летни услови.

Прашање: Многу (или повеќето) од овие врвови им се непознати на американските читатели па затоа на кратко кажи ни за која техничка тежина се работи на овие 82 врва и колку се тие потешки во зимски услови?
Одговор: Зависи од тоа која насока ја качувате. Нормалните насоки се лесни, но кога ќе почнете да поврзувате врвови наидувате на некои тешки пречења по гребените. Најлесните врвови (Гран Парадизо, Пиц Бернина и некои врвови од масивот на Монт Блан) можев да ги искачам со скии (со оцена F). Најтешките (пречењето на Гранд Жораз, Ташхорн до Дом и Шрекхорн до Лаутархорн...) беа тешки качувања со оцена D+ и технички тежини на карпа V-/VI. Мислам дека тие се многу потешки во зимски услови бидејќи деновите се пократки, постојат опасности од лавини, на Монт Блан со Блаж Штресима снег по карпите, студ, ветер...

Прашање: Си употребувал голема енергија. Каква храна користеше и колку често јадеше во текот на денот или ноќта за да се одржиш во форма?
Одговор: За доручек или во текот на денот јадев енергетски барсови, а за вечера јадев инстант тестенини. Тоа се случуваше со денови и во моментов мислам дека тоа е одвратно. Не сакав да носам премногу храна со мене, а посебно кога бев во планина повеќе од 4 дена.

Прашање: Какви работи ти минуваа низ глава на врвовите кои ги качуваше соло? Дали имаше моменти кога ти беше премногу страв или стануваше премногу заморен и се сомневаше во исправноста на овој избор?
Одговор: Кога качувам соло обично не мислам на ништо. Се обидувам да се концентрирам на следниот чекор и следниот потег. Или пак размислувам за многу глупави работи и си ги повторувам како мантра. Секако дека имаше лоши моменти кога се прашував зошто го правам тоа и дали е тоа доволно безбедно. Но тоа беа кратки моменти.

Прашање: Знаеме за трагедијата со Беро. Дали тоа ти претставуваше ментална препрека и дали ти помина низ глава додека беше таму горе?
Одговор: Патрик Беро беше голем алпинист. Секако дека се сетив на него, а посебно кога ја минував пречката Ташхорн – Дом каде тој загина. Проблемот со овој проект е тоа што си долго време во планините и нормално е да направиш грешка. На многу места таа грешка можеше да биде фатална бидејќи качував без обезбедување.

Прашање: Што би требало да се направи за овие 82 врва се искачат во 82 дена? Колку врва најмногу искачи во еден ден?
Одговор: Мислам дека е возможно да се искачат сите врвови во 82 дена и можев тоа да го направам, но временските услови од средината на Февруари до почетокот на Март беа многу лоши. Во еден месец искачив само 7 врва и тоа го предизвика поминувањето на рокот. Во еден ден искачив најмногу 5 врва.

Прашање: Кое беше најтешко искачување – прво физички, а исто така и психолошки? Емотивно?
Одговор: Претходно споменав неколку тешки искачувања. Веројатно за мене беше најтежок Вајсхорн бидејќи временските услови беа многу лоши, имав нула видливост и навистина лоши снежни услови. Бев сам и од долината нагоре требаше да поминам 3100 метри и тоа најчесто низ длабок снег.

Прашање: Како се подготвуваше?
Одговор: Најважната работа во овој проект беше искуството. Качувам од 1995 година и во овие 12 години качував многу насоки во Словенија и учествував во неколку експедиции надвор од кои се стекнав со доволно искуство. Пред да почне проектот качував во планините во Словенија и трчав во близината на мојот дом. Логистиката исто игра голема улога.

Прашање: Колку беа важни пријателите? Дали тие те возеа наоколу и ти готвеа или често сам ги правеше овие работи?
Одговор: Без моите пријатели немаше да успеам бидејќи не можев да најдам само еден придружник. Ќе дојдеше некој од Словенија, ќе искачевме 2-3 масива, ќе се вратеше дома и ќе дојдеше некој друг. Возењето и готвењето најчесто го правев сам.

Прашање: Кој беше најстрашниот момент кој го имаше таму горе?
Имаше неколку страшни моменти и неколку пати направив грешки, но за среќа не завршив како Беро.

Прашање: Често чекаше по паркинзите на скијачките центри. Колку денови поминаа кога не можеше да качуваш? Што правеше тогаш?
Одговор: Мислам дека качував 55-60 дена. Во другите денови или времето не беше добро или условите на планината. Во тие денови едноставно чекав, ја проверував  прогнозата на секои 10 минути и разгледував што има во продавниците – преку на Лес Дроитесизлозите. Тоа беа многу долги денови.

Прашање: Колку часови спиеше во текот на ноќта? Како тоа се одрази на твоето тело и здравјето?
Одговор: На почетокот на зимата кога ноќите беа долги – спиев долго. На Гребнот Диабле останав во вреќа за спиење 16 саати бидејќи денот беше многу краток. Кога денот порасна, не спиев толку долго. Најтешка работа беше секако станувањето во 3 часот после полноќ секој ден.

Прашање: Кажи ни за условите со кои се сретна на гребените?
Одговор: Имаше неколку тешки пречења и некои беа во очајна состојба поради прашестиот снег на нив. Во летни услови сигурно побрзо би ги поминал. Во текот на целата зима ветровите беа многу силни и понекогаш се враќав само поради тоа. На пример на Бернина не можев да одам право низ глечерот поради силните ветрови. На гребените беше уште полошо.

Прашање: Каков терен најмногу качуваше?
Одговор: Повеќе или помалку беше микс терен освен на врвовите на кои бев со скии.

Прашање: Дали имаше халуцинации?
Одговор: Не халуцинирав.

Прашање: Што правиш сега за да се одмориш, да закрепнеш или да се подготвиш за нови качувања? Мора да си добро подготвен...
Одговор: Најчесто се одмарам, спијам и јадам (премногу). Бев во многу добра форма на почетокот и во средината, но на крајот бев многу изморен. Мислам дека на телото му е потребен одмор. Во блиска иднина ќе работам спортско качување и лесно планинарење. Во Јули ќе заминам за Русија.

На оваа тема:

- 82 врва во 102 дена;

- Интервју за списанието Climbing

Copyright © Alpinizam.org