|
Демир Капија - „Обеликс“ L2, VI
Инвазија на Битолчани на Д. Капија
Битолчанине одлично си поминале викендов (08/09.03.2009г.)... Многу искачени кратки насоки - со тежини кои ми е страв и да ги помислам, но и нови во традиционален ем башка чист стил. Додека едните наводно терале ќеф на 8а+, другите (Горан Кузмановски и Вања Атанасов) истерале една нова насока „Обеликс“, а
друга линија која ја искачиле претставува или повторување или варијанта на стара насока (нашле 3 стари клинови во нејзе)...
Еве кратко инфо од нив и една фотка, а за повеќе секако на страната на АК „Вертикал“:
Новата, традиционална насока од Горан и Вања, го носи името “Обеликс” L2, VI. Насоката почнува по логична линија на само 5 метри, одкако ке се слезат скаличките од мостот во насока кон спортските насоки, и преминува мали превиси, кој воопшто не нудеа можност за стабилно осигурување, но Вања одлично се снајде и ја помина оваа должина. Втората должина е малку, по тешка но имаше одлични места за обезбедување, а во стилот на качување многу не потсети на насоката Иван Вазов на локалитетот Враца во Бугарија. Целата насока и премината во чист стил, и не оставивме никаква опрема.
Горан и Вања и и другиот ден, беа загреани за уште една нова насока, и тргнаа 10 метри по долу од минатиот ден, по добро експониран и многу ронлив терен. Времето беше многу ладно и доваше силен ветер. И овде на Вања му се падна најгадниот дел. Многу психолошко качување посебно во овај дел од годината кога се се рони. Во горниот дел станува малку по компактна но, затоа оценката е некаде до VI+ категорија, а на места можи и потешки детали. Се изненадивме од тоа што во текот на оваа насока најдовме 3 стари клина, што значи станува збор за повторување или варијанта на стара насока, и многу би не интересирало кој ја правел и како и е името на оваа насока. И ако е правена без чокови и френдови секоја чест за првите качувачи. Оваа страна од клисурата нуди доста по експонирано качување во споредба со традиционалните насоки од страната на Вардар, но затоа пак е по-кратка.
|
Други текстови / инфо:
- Обеликс, Тим билдинг, Лева,
- Вертикал |