На оваа тема:

- Остра Карпа - собир на МАФ во октомври/2012-та год.

- Остра Карпа - описи на дел од насоките;

- Остра Карпа - искачувања во 2006-та год.

 

Наша забелешка:

Благодарност до Михајло Мотески за овие описи. Едвај некако се најдовме деновиве - болдеринг, планински велосипедизам, работа - Моте покрај сите ангажмани најде време и за нас :)

Се надеваме дека ова ќе биде само „прва епизода“ и дека наскоро покрај текстовите ќе додадеме и по некоја фотка од правецот на насоките, а секако и од другите насоки во овој локалитет...

Дома

Остра Карпа - Прилеп

- описи добиени од Михајло Мотески

-Име на насоката: ВЕРДА СТЕЛО (зелена ѕвезда)
-Локација: Селечка планина, локалитет СТОГОВИ, објект ОСТРА КАРПА
-Должина на насоката: Околу 110м.
- Оцена на насоката: IV+ (елементи IV до V)
- Датум на искацуванје: 08.11.1987год.
- Насоката ја искачиле: ДИМЧЕ ЈОВАНОСКИ и ЉУБЕН МИТКОСКИ, за 2 часа и 40 мин.
ОПИС НА НАСОКАТА ;
1 должина: Влезот во правецот е десетина метри погоре од карпестата каскада на кулоарот. Лесно е забележлив бидејќи по целиот прв цуг се протега жила на бел кварц (белутрак). Ја следиме жилата 5-6 метри нагоре, потоа лево 2-3метри по тесната полица (клин).Од полицата право нагоре во затворениот V жлеб (клин), потоа 10-15 м. нагоре до полицата под првото осигуралисте. Од полицата 3-4м косо волево и нагоре до завршетокот на широката затревена полица која се спушта од горниот дел до првото осигуралиште (клин).
2 должина: Од првото осигуралиште во должина од 5-6м. Малку во десно се протега затворен V жлеб. Од десната страна на жлебот во превисот. Потоа 1-2м. лево по отворената, доста расчленета карпа и по неа 5-6м. нагоре до смреката. Десно од смреката до големите грамади, 10-12м. нагоре се наоѓа второто осигуралиште. Од второто осигуралиште нагоре 10м. се излегува на „Димеви полици”.
3 должина: Смерот продолжува кон вршниот гребен од „Димеви полици” преку крајниот десен жлеб 2м. лево од дрвото(клин). При искачувањето нагоре користиме од поставените клинови, но пожелно е да се носат чокови и френдови.
Откако сме го искачиле смерот за враќање користиме абзел. Сидриштето е направено од два бор клина на левиот крај од гребенот, на излезот од насоката „Мајсторот”
Забелешка: Ова е опис кој е изменет сега, така да дрвените клинови ги нема, се спуштаме по јаже околу карпа на излезот од пукнатината од горниот дел на смерот “Мајсторот”, или по новото сидриште со експанзиони клинови.

* * * * *

-Име на насоката: ЖИКИНО ОКНО
-Локација: Селечка планина, локалитет СТОГОВИ, објект ОСТРА КАРПА.
- Долзжина на насоката: Околи 150м.
- Оцена на насоката: IV- (III+ до V-)
- Датум на искачување: 11.10.1987 год. За  6 часа
- Насоката ја искачиле: Живко Арсовски (П.Д.Исак Русо од Скопје).
                                   и Димче Јованоски (П.Д. Златоврв–Прилеп)

ОПИС  НА НАСОКАТА
1 должина: Насоката започнува од дрвото зад големата грамада под црвениот пасаж, означен со буквите Ж.О. 4-5м. лево од него.Преку левата страна на плочата (клин), во превисниот злеб (клин), потоа лево на полицата над превисот. Од полицата малку косо во лево па потоа неколку метри нагоре до полицата под окното(клин). По десната страна на окното и погоре уште еден клин, низ окното до големиот заглавен камен во окното. На излезот од окното од лева страна до второто сидриште.
2 должина: Од тука право нагоре преку лушпата до хоризонталната пукнатина(клин), потоа десно по пукнатината(под превисот) до дрвото. Од дрвото неколку метри косо во десно па 2-3м. право нагоре  па лево до жлебот на третото осигуралиште.
3 должина: Потоа по гребенот низ мали жлебови се стигнува на полици а потоа право на горе по плочата во која има клин излегуваш од гебенот. 
4 должина: Од рамето по гребенот до “Димеви полици” под вршниот гребен се спојува со смерот “Верда Стело” до врвот. Од таму со абзел се спуштаме на големата полица.

* * * * *

Име на насоката: „КАМИНСКИ
Локација: Селечка планина, локалитет СТОГОВИ, објект ОСТРА КАРПА.
Должина на насоката: Околу 130 метра.
Оцена: VI (V до VII)
Датум на искачување: 23.07.1993 год.
Првенствено насоката ја искачиле: Славко Тодороски и Христо Белакапоски, СПД”ЗЛАТОВРВ”- Прилеп.
ОПИС НА НАСОКАТА
Насоката се наоѓа во горниот дел од карпата над камената каскада во кулоарот, помеѓу смеровите „Мајсторот” и „Верда Стело” на која има исцртано 2 круга во боја.
1 должина: Смерот започнува десно од реброто 2м. за потоа да премине во лева траверза за да се стигне под влезот на каминот. Каминот има многу малку фаќалишта и се качува од внатрешната страна со помош на триење. На почетокот се става френд, а на влезот од каминот има клин. При излезот од каминот морате на кратко во лево за да добиете висина  за клучното факалиште. На овој дел има два добри клина. По излезот од каминот насоката продолжува по жлебот кој малку е мовлив но добар, а во него има клин, а 2 м. над него е сидриштето. Тоа е истото сидриште и за смерот „Мајсторот”кое е добро осигурано со две кајли.
2 должина: Од ова место насоката се спојува со насоката „Мајсторот” и продолжува до големата полица .
3 должина: Од тука преку орловото гнездо до сидриштето на вршниот гребен. Од насоката се спуштаме со абзел до “Димеви полици”.
3 должина варијанта: Од “Димеви полици” десно од плочата за Славко, влегуваме во почетокот од 3тата должина на смерот Верда стело. Верда стело продолжува право нагоре од видливото дрво, а Камински во левата црвена пукнатина во која се осигуруваме со чокови и френдови и излегуваме на сидриштето од Мајсторот. Со абзел се спуштаме на “Димеви полици”.

* * * * *

Име на насоката: МАЈСТОРОТ
Локација: Селечка планина, локалитет СТОГОВИ, објект ОСТРА КАРПА
Должина на насоката: Околу 110м.
Оцена на насоката: VI (елементи од V и VII)
Датум на искачување: 27.09.1992 год.
Насоката ја искачиле: КОНСТАНТИН ЦИРИВИРИ и ВЛАДИМИР БОЦЕВСКИ
Прво повторување: Славко Тодоровски и Михајло Мотески (02.05.1993)
ОПИС НА НАСОКАТА:
Влезот во правецот е петнаесетина метри погоре од карпестата каскада на кулоарот, неколку метра погоре од смерот Камински, и е означен со стрелка во црвена боја.
1 должина: Првите 15м. Започнуваат со искачување на камин, после што се влегува во жлеб, кој завршува со видлив заглавен камен. Од излезот на пукнатината, се продолжува право нагоре до видлив таван во кој има 2 кајли и е првото сидриште. Осигуралишта слаби, неколку клина во смерот, и употреба на чокови и френдови. Должина 30м. Оценка: VI
2 должина: Првите 10м до полицата се во правец на видливо дрво. До крајот на цугот се наидува на 2 помали превиси кои завршуваат со полица. Од полицата се движиме слободно во лево 15м. И потоа одиме нагоре во правец на видливото орлово гнездо и излегуаме на “Димевите полици“. Осигуралишта добри. Должина 50м. Оценка: III до V.
3 должина: Од плочата за Славко десно во правец на црните карпи и видливото орлово гнездо се искачуваме 15. нагоре и влегуваме во орловото гнездо. Има заковано неколку клина и користиме гуртни околу шилци. Од орловото гнездо се движиме во десно за да се избегне таванот над нас. Продолжуваме по пукнатината до превисот а преку него до 3те клина кои се на жолта плоча. Излегувајќи од плочата се влегува во тесен камин, кој завршува со полица на која е сидриште (непосредно под врвот од каде што се спуштаме абзел до “Димевите полици“ со префрлуванје на јазе околу каменот или преку експанзионите клинови). Ако сакаме да излеземе на врвот т.е. иглата од остра карпа продолжуваме нагоре по широк камин во кој нема осигурување. Осигурувалишта: релативно добри. Должина 40м. Оценка: VII

Copyright © Alpinizam.org