Taни
- опис на Јован Попоски
Први качувачи: Јован Попоски и Надир Мурсели (Јован Попоски и Слободан Јованоски во долниот дел од насоката)
Датум на прво искачување: 28-ми Октомври 1999 година
Оцена на насоката: VI/VI+
Опис на насоката: Правецот е даден на фотографијата. Опис: Првиот дел е по тесна рампа која што се исправа во плиток жлеб затворен со мал надвис. Над надвисот десно до соседниот жлеб, по него до два клина – прво сидриште. Нагоре по истиот жлеб до надвис, преку него лево (можна употреба на гуртна преку мал заб) до соседниот жлеб. До крај на истиот по благо на лево по отворен терен преку неколку скока до спојното место на насоките „Ветерански“ и „Франгов“. Неколку метри нагоре до сидриште (каде што овие насоки повторно се делат). По реброто кое што се протега десно од „Франгов“ во долниот дел и десно од „Циго“ во горниот дел нагоре до изразито излезно гребенче. Преку него до заедничко излезно сидриште на сите насоки во овој дел од карпата.
Насоката е исклинчена. Клиновите се доста солидни освен некои кои што мораше да бидат забиени во несигурен терен.
Забелешки: Насоката ја изработи, односно е креација на Јован Попоски, по повод неговото 35-годишно активно бавење со алпинизам. Насоката и ја посвети на неговата сопруга Тања Тупурковска-Попоска – Тани (и самата алпинист во еден период) како знак на благодарност за нејзиното разбирање за овој спорт и целосна подршка во сите овие 35 години; и за нејзиното единствено и незаменливо учество во организирањето на програмата за македонските хималајски експедиции без кое учество македонските алпинисти најверојатно немаше да добијат шанси да ги изведат експедициите кои водеа до истакнувањето на македонското знаме на највисокиот врв на светот – Монт Еверест, од страна на нашиот познат алпинист Димитар Илиевски – Мурато.
Нашето искачување
-Игор и Весна Т.
Тани е многу убава насока. Тежините се во континуитет и првото сидриште доаѓа како убав одмор по преживувањето на првата должина (посебно кога качувате кога е малку влажно и пукнатините се со земја/кал...) Има доволно клинови во текот на целата насока, иако би носел и по некој мал/среден френд бидејќи некои од клиновите беа малце чудни, а има можност за чисто поминување... Поголемите тежини во втората должина се во почетните 20-тина метри кога има превис, дилфер, плочест терен... Кога се излегува над нив - следуваат неколку полесни скокови меѓутоа треба да се внимава на ронливост!!! Исто е и во третата должина... Еве неколку фотки околу првото сидриште:
|