На оваа тема:
- Највисокиот курс за почетници;
- Најава за три нови насоки во 2013-та
|
Монт Еверест - 16 години подоцна...
-18.06.2012г.
Највисокиот курс за почетници
1996-тата година беше најсмртната година на Еверест. Се напишаа книги, се направија филмови и триста чуда, па дури има и посебна Википедија страна насловена „Катастрофата во 1996-тата на Монт Еверест“. Првиот параграф од оваа страна нé потсетува: „Катастрофата на Монт Еверест од 1996-тата година, се однесува на настаните кои се случија на 10-ти и 11-ти мај таа година, кога за време на својот обид за искачување на оваа планина, загинаа осум лица. Во текот на целата сезона, животот го загубија вкупно петнаесет и тоа е најсмртната година во историјата на Монт Еверест. Оваа катастрофа доби голема популарност во јавноста и се поставија многу прашања за комерцијализацијата на Еверест...“
Точно една година подоцна, во мај 1997-мата година, австралискиот алпинист Грег Чајлд во списанието Аутсајд го напиша текстот: „Еверест, една година подоцна: лекции по бесцелност“. Во него Грег пишуваше за искуството кое тој таму го имал во 1995-тата година и меѓу другото напиша:
„Кога се вратив дома во себе имав лошо претчувство. Тоа што го видов длабоко ме вознемири: редици на почетници во планината и толку блиску до тоа и самите да се убијат. Од околу 180 качувачи од 11 експедиции кои се обидуваа да се качат на планината од тибетска страна, скоро половината беа водени клиенти во комерцијални експедиции. Најголем број од нив беа на самата граница на својата издржливост дури и во пониските делови од планината. Се движеа невешто покрај големите амбиси од двете страни. Еден од нив, беше очигледно и дека никогаш претходно не носел дерези на себе. Зависеа од водачите и Шерпасите како овци. Тие требаше да ги носат за своите клиенти сите потребни нешта нагоре по планината и да носат одлуки за нив. Сепак и самите водачи понекогаш имаа проблеми со височината. Па и тие се сепак и покрај сé само луѓе. Што се однесува до другите експедиции, кои беа „традиционални“ и некомерцијални, покрај само неколкуте искусни, најголем дел од другите беа прв пат во Хималаите. Еверест увидов станал училница за највисокиот курс во светот - за почетници во алпинизмот...“
Значи ова е текст од 1997-мата година.
А сега, во 2012-тата...
16 години подоцна, се случи втората најсмртна сезона на Еверест: пролетва загинаа 10-мина. Само во два дена се искачија 150 луѓе... Фотографиите од редиците кои се упатуваа нагоре беа неверојатни. Во тој период секако, покрај клиентите и комерцијалните експедиции секогаш има и нормални експедиции и нормални проекти. Учесниците во нив се искусни алпинисти, кои беа многу јасни и гласни во своите коментари.
Првата остра реакција стигна од Симоне Моро кој ја опиша целата ситуација како да бил во забавен парк - луѓе во ред стотици метри над него и стотици метри под него: „ Изненаден сум кога ќе видам луѓе кои не знаат да користат јумар, како да го отворат и како да го движат нагоре. Изненаден сум кога ќе видам некој на кому му е потребна помош да си ги стави дерезите на себе и како Шерпасите им ги држат рецете кога треба да одат во тоалет... Еверест за сите овие луѓе е како скапоцен камен кој сакаат да го добијат или освојат. За нив тоа е симбол преку кој стануваат членови на клубот на „храбрите“. Делумно можам и да ги разберам. Од никој и ништо одеднаш стануваат некој и нешто во нивниот дом или нивната земја. Ги гледам како ја цедат целата енергија од себе и умираат за оваа планина. Сето ова мене ми е чудно, но мора да има некакво значење за нив.
Ралф Дујмовиц: „Бев на височина од околу 7900м и во далечината, на Лотце страната видов како се качува редица од луѓе. На планината истовремено имаше 39 експедиции, а тоа се околу 600 луѓе. Никогаш не сум видел толку луѓе на Еверест... Факт е дека за тоа што го прават туристите на Еверест не е потребно никакво знаење... Растечки тренд во последните 10-тина години е тоа да се користи дополнителен кислород скоро од базниот камп па нагоре. Со децении претходно, нормално се сметаше тоа, дополнителен кислород да се користи од 8000мнв па нагоре. Сега кислородот се пие како вода....“ Исто така тој видел и неколку чудни луѓе на планината, меѓу кои на пример и некој Американец со турско потекло кој носел велосипед со себе нагоре – затоа што тоа му било сон од секогаш: да се качи со велосипедот до врвот...
Годинава таму беше и Ули Штек. Еве едно интересно интервју со него:
А продолжува и ова:
Во текот на оваа сезона, Лијана Шатлворт
на 19-годишна возраст стана најмладата Британка која се искачила на Еверест. Планот бил да се искачи во 24 часа и на соседниот Лотце, но не успеала поради тоа што како што вели: „...Поради временската прогноза за следната ноќ, но и поради тоа што всушност нема фиксни јажиња до врвот. Последните 200 метри се технички и без фиксни јажиња компанијата немаше да води, а и јас немав технички орудија со мене...“
Британските медиуми пренесуваат и нешто друго од нејзе:
„...(Додека се качував на Еверест) Имаше неколку тела поврзани на фиксните јажиња и моравме да ги заобиколуваме. Имаше и неколкумина кои беа живи. Еден од нив додека поминувавме покрај него, ја подигна раката и погледна кон нас. Не знаеше дали има некој до него. Беше скоро мртов. Беше мртов кога се вративме назад...“
|