Како помина 2006 година во Пакистан
199 алпинисти од 40 експедиции се искачија на 8 врва. Ова е пресметката од овогодинешната сезона во Пакистан. Меѓу овие се и двајцата бугарски алпинисти кои се качија на Нанга Парбат – Николај Петков и Дојчин Бојанов - кој ќе биде презентер во Скопје на 23-ти ноември 2006 година за неговото учеството во некои Хималајски експедиции.
8 несреќи
Имало 8 трагични инциденти: Седум од нив се на планини повисоки од 8000 метри, а еден на Спантик (7020м). Четворица алпинисти загинаа на К2 (Руси - во лавина), двајца на Нанга Парбат (алпинист од Венецуела загина од истоштеност заробен во невреме, а алпинист од Јапонија исчезна меѓу 2-риот и 3-тиот висински логор), еден на Броад Пик (млад алпинист од Австрија од истоштеност на симнување по искачувањето на врвот) и еден на Спантик (ист случај како на Броад Пик: жена-алпинист загина).
Успешни беа половина од експедициите, а беа искачени една третина од планираните врвови. Биле дадени 91 молба за добивање дозвола за 2006 година, а биле издадени 78 – некои се одбиени поради тоа што биле барани за небезбедни региони, а некои се повлекле.
Златен Јубилеј на Гашербрум 2 (8035м)
Првото искачување беше направено на 7-ми Јули 1956 година од австриските алпинисти Фриц Моравец, Јозеф Ларх и Ханс Виленпарт. Во таа чест 19 алпинисти на 25-члена австриска експедиција повторно го поставија австриското знаме на врвот во неколкукратни искачувања помеѓу 26-ти и 31-ви Јули
Во целост среќата си ја пробаа 21 експедиција на Гашербрум 2 од кои 18 беа успешни, а на врвот застанаа 126 луѓе.
К2 (Чогори) – 8611м: Новини!!!
Седум експедиции: успешни беа само две – италијанска и јапонска од кои на врвот застанаа по двајца алпинисти. Италијанската наврска, Нивес Мерои и Романо Бенет без употреба на дополнителен кислород – Нивес стана првата жена што го направила тоа. Јапонците кои се искачија беа 23-годишна девојка и 21-годишно момче кое стана најмладиот алпинист на К2. На планината загинаа 4 Руси во лавина
Броад Пик (8047м)
Четиринаесет експедиции – успешни беа шест во кои 21 алпинисти застанаа на врвот. На врвот загина еден Австриец.
Гашербрум 1 (8068м)
Седум експедиции – три успешни од кои 9 алпинисти на врвот
Нанга Парбат (8125м)
Шест експедиции – три беа успешни: бугарска (двајца на врвот), венецуелска и корејска – по еден човек
Спантик (7020м)
Осум експедиции – шест беа успешни од кои 30 алпинисти се искачија на врвот. Една жена-алпинист загина
Латок 3 (6940м)
Успешна беше само шпанската експедиција чии два члена стгинаа до врвот
Латок 2 (7108м)
Тројца Американци успешно се искачија на врвот
Неискачени врвови:
Неискачени врвови во оваа сезона останаа: Гашербрум 4, Латок 1, Кунианг Чиш, Батура 2, Баинта Брак, Лугпар Сар, Машербрум, К7, Шиспер, Диран, Пасу Пик, Ракапоши и Чоголиза.
Впечатливи се бројките на Броад Пик (21 луѓе на врвот), Гашербрум 2 (126) и Спантик (30). Од една страна оваа сезона е рекордна за овие врвови, но од друга страна се гледа дека 177 луѓе се искачиле на само 3 врва. Тоа значи на останатите планини свој обид направиле само 22 луѓе…
Во Пакистан сега се чека само на полската експедиција на Нанга Парбат која ќе се обиде да направи прво зимско искачување на оваа планина...
Информациите се превземени од climbingguidebg.com. |