14-те највисоки планини во светот (повисоки од 8000мнв)
Колку се опасни највисоките планини?
Статистички податок од 27-ми Април 2004 година. Претставени се планините, бројот на луѓето кои се искачиле на нив и бројот на луѓе кои загинале. Напомена – загинатите не се само од луѓето кои се искачиле на врвот, туку и оние кои загинале при качувањето, при приодот и слично…Се почнува од „најопасната“:
Анапурна (8091м) – само 130 луѓе се искачиле, а 53 загинале – 41% смртност
Нанга Парбат (8125м) – 216 луѓе се искачиле, а 61 загинале. 28,24% смртност.
К2 (8611м) – Нешто помалку од 200 луѓе се имаат искачено на врвот – вкупно 198, а 53 загинале. 26.77%
Кангченџунга (8586м) – 185 искачувања, а 40 загинати = 22%
Манаслу (8163м) – 240 луѓе на врвот и 52 загинати прават смртност од 21.67%
Даулагири (8167м) – до тој ден 313 луѓе се имаат качено на врвот а 56 загинале на планината. Тоа значи 18% смртност
Макалу (8463м) – 206 луѓе на врвот, а 22 загинати. 11% смртност
Гашербрум 1 (8068м) - Од 1958 година, само 197 луѓе се имаат качено на врвот, а 21 загинале. Смртноста со тоа е 10.77%
Шишапангма (8013м) – 201 луѓе на врвот, а 19 загинати = 9.5%
Еверест (8850м) – Близу 2000 луѓе на врвот и 179 загинати. Смртноста со тоа е 9.3%
Броад Пик (8047м) – 255 луѓе на врвот и 18 загинати. 7%
Лотце (8516м) – 243 луѓе на врвот и 11 загинати = 4%
Гашербрум 2 (8035м) – 650 луѓе на врвот и 17 загинати = 2.62%
Чо Оју (8201м) – околу 1400 луѓе на врвот, а 35 загинати даваат смртност од 2.5%
|