Други теми:

- Највисоките 14

- Колку се опасни?

- Статистика за 2006 год. за Пакистан...

- Пријавени експедиции за 2007 година за Пакистан...

 

Пријавени експедиции за 2007 за Пакистанските Хималаи

Пакистанското Федерално Министерство за Туризам ја започна својата кампања – „Посетете го Пакистан во 2007“. Целта е да се привлечат што повеќе туристи и алпинисти во оваа земја – преку намалување на таските за планините. Еве листа на пријавени експедиции во Пакистанските Хималаи до средината на Март 2007:

К2 (8611м)

Дозвола (такса) за качување – 6000УСД за седумчлен тим и 1000УСД за секој дополнителен член.

Полско – Словачка експедиција на К2 (западната страна) и Нанга Парбат. Полскиот алпинист Пјотр Моравски и Словакот Петер Хамор ќе се обидат да направат првенствена насока на К2 преку Западната Страна откако најпрвин ќе направат аклиматизација на Нанга Парбат преку Дијамир. Трет член ќе биде Словакот Додо Кополд кој претходно ќе се обиде на Чо Оју и на Јужната Страна на Шишапангма

Денис Урубко и Сергеј Самоилов ќе се обидат да направат првенствена насока на Северната Страна на К2 во алпинистички стил – линија на соништата на Урубко уште од 1988 година. Тој зад себе веќе има 10 врва повисоки од 8000м, а на Самоилов ова ќе му биде трета планина над 8000м

Казакстанска Национална Експедиција на К2 преку Северо-западниот Гребен. Водач на експедицијата е Баглан Зунусов, а двјца членови од експедицијата, Максут Жумајев и Василиј Пивцов имаат 10 врва повисоки од 8000м зад себе.

Руска експедиција на К2 преку Западната Страна – Водач на тимот е Виктор Козлов и се планира искачувањето да е направено без дополнителен кислород.

Герлинде Калтенбрунер и Ралф Дујмовиц на К2 – насоката уште не е определена. Герлинде е девојката со најмногу (9) врва повисоки од 8000м помеѓу жените, а Ралф има 11 врва над 8000м зад себе и веќе се има качено на К2 во 1994 година.

Австриска Експедиција на Броад Пик и К2 – најголемата експедиција во регионот – 35 алпинисти ќе се обидат да се искачат на Броад Пик (по повод 50 години од првото искачување од Винтерштелер, Шмук, Бул и Димбергер), а од нив 10 се подготвуваат да одат и на К2. Винтерштелер треба да ги посети во базниот логор


Руско-Кубанкса експедиција на К2 и Броад Пик.

Италијанска експедиција на К2 и К3. Пред овие два врва аклиматизација на Броад Пик

Чешка (9-члена) експедиција на К2 и Броад Пик -

Португалска – Интернационална експедиција на К2 преку Абруци. Покрај водачот, Португалецот Жоао Гарсиа, членови се Французин, Белгиец и Непалец…

Американска – Интернационална експедиција на К2

Корејска Експедиција на К2

Броад Пик (8051м) – Таксата за качување е 4500УСД за тим до девет алпинисти и 750 УСД за секој дополнителен

Горе веќе беа споменати некои експедиции кои Броад Пик ќе го качуваат во комбинација со К2 или друг врв… Еве некои други:

Италијанскиот алпинист Силвио Мондинели со Броад Пик ќе се запише во листата на луѓе кои се искачиле на сите 14 врва повисоки од 8000м. За Броад Пик тој се подготвува на Чо Оју

Хуан Оирзабал (со сите 14 врва повисоки од 8000м) и Едурне Пасабан (8 врва над 8000м до почетокот на 2007 година). Хуан сака да и помогне на Едурне во нејзината желба да ги качи сите 14 врва. Претходно тие ќе се обидат и на Анапурна.

Експедиција на Георг Кронталер – минатата година на Броад Пик исчезна Маркус Кронталер и оваа година на планината по неговото тело доаѓа неговиот брат. Во тимот има уште двајца алпинисти и пет носачи.

Нанга Парбат – 8125м. Таксата за качување е 4500УСД за тим до 7 алпинисти и 750УСД за секој дополнителен.

Погоре беа споменати некои тимови кои на овој врв ќе одат во комбинација со друг врв… Еве некои други:

Чилеанска експедиција на Нанга Парбат. 9 член тим кој качувањето ќе го започне на 28-ми Мај

Гашербрум 1 (8068м) и Гашербрум 2 (8035м) – таските чинат колку за Нанга Парбат.

Чешка експедиција – на Г1 и Г2

Американска експедиција на двата врва – Г1 и Г2
Новозеландска експедиција на двата врва


Гашербрум 1 (8068м)

Австралиска експедиција на Гашербрум 1 (Хиден Пик) – шест члена

Француска експедиција

Врвови од 7000 до 8000м

7501 – 8000м – дозволи за качување 2000УСД за тим до 7 алпинисти и 250УСд за секој дополнителен. 7001-7501 м дозволи за качување се 1250УСД за тим до 7 члена и 150УСД за секој дополнителен

Кунјанг Чиш (7852м)

Валери Бабанов и Канадски тим ќе се обидат на Главниот врв и на Источниот Врв на оваа планина – 7852м и 7840мнв

Машербрум (7821м)

Руско – Американска експедиција без конкретна насока сé уште

Ултар Шар (7388м)

Американците Колин Хејли и Џед Браун добија награда во САД со која добија пари за искачување на Скриениот Столб (Југоисточен столб) на Ултар Шар (7388м). Столбот е висок 3200 метри во вертикала и претходно имало 3 обида на него

К6 (7281м)

Американско Словачка експедиција – Стив Хаус е водач на експедицијата со уште двајца други алпинисти – не ја откриваат планираната насока. На оваа планина претходно се направени само 2 искачувања, а до сега немало обид за нејзината Северна страна

Канадска експедиција – нејзините членови планираат искачување на Северната страна – средствата се добиени повторно преку еден од алпинистичките фондови…

Латок 1 (7151м)

Американските алпинисти Џош Вартон и Бин Бауерс ќе се обидат преку северниот гребен кој е долг 2450м на кој досега имало неколку неуспешни обиди од 1970-тите години па сé до сега…

Линк Шар (7041м)

Американска експедиција на Линк Шар и К13(6666м)

Спантик (7027м)

Јапонска експедиција

Врвови од 6000-7000мнв

Таксата за врвови од 6501 до 7000мнв е 700УСД за тим до 7 члена и 100УСд за секој дополнителен, а за врвови од 6000-6501м не е потребна дозвола.

Бека Беркаи Чок (6940м)

Новозеландска експедиција ќе се обиде да направи прво искачување по оваа планина

Во Пакистан:

K2

Нанга Парбат

Броад Пик

Спантик

Латок 3

 

Copyright © 2005 Alpinizam.org