Други поглавја:

- Вовед;

- Интервју со Чезаре Маестри;

- Изјава од Роландо Гариботи;

- Некои други насоки

Дома

Изјава од Роландо Гариботи

Како алпинист секако дека знаев за контраверзноста на искачувањето на Чезаре Маестри од 1959 година многу пред да застанам под северната страна на Черо Торе. Искачувањето на Маестри во тоа време било светлосни години пред своето време со поголема вредност и од искачувањето на Сер Едмунд Хилари и Тенцинг Норгај на Еверест во 1953 година. Сепак иако јавноста го прогласуваше Маестри за млад италијански херој, алпинистичката заедница се сомневаше во валидноста на тоа качување – употребувајќи ги како доказ и личните описи на насоката на Маестри при тоа.

Во три различни текстови во списанија објавени помеѓу 1959 и 1961 година, Маестри дава три различни описи на насоката од Седлото на Освојувањето нагоре. Денес скоро целиот тој терен е искачен и ниту една трага од неговото поминување не е пронајдена и покрај тоа што Маестри тврдел дека таму поставил 60 експанзиони клинови. Ние најдовме неколку клинови до висина од околу 274 метри од насоката – но ниту еден погоре. Исто така, неговите описи за долниот дел се многу детални, а неговите забелешки за горниот дел од насоката каде се наоѓаат и најтешките делови се многу непрецизни. На пример Маестри опишува дека последните делови имаат стрмнина од 45 до 50 степени, но кога ние бевме таму (а и наврски пред нас) тој терен беше скоро вертикален.

За тие кои не качувале можеби звучи тешко веројатно дека некој би можел точно да каже каде тие навистина качувале и поминале, но на северната страна на Черо Торе постојат само неколку можни линии – форми во релјефот кои водат до врвот. За да ја зголеми веројатноста на успехот секако алпинистот се движи по најдобриот терен – по нешто што му дава помал отпор. Така најдобрата линија до врвот на Черо Торе денес - е иста како таа во 1959 година.


Според мене – убеден сум дека првите кои застанале на врвот се алпинистите Даниеле Чиапа, Марио Конти, Касимиро Ферари и Пино Негри кои на 13-ти Јануари 1974 година се искачија по Западната Страна. Историјата допрва треба ја признае вистинската вредност и место на ова искачување и се надевам дека конечно ќе го направи тоа.

Copyright © 2005 Alpinizam.org