Други поглавја:

- Вовед;

- Интервју со Чезаре Маестри;

- Изјава од Роландо Гариботи;

- Некои други насоки

Дома

Интервју со Чезаре Маестри

Во Јануари 2006 година францускиот алпинист и писател, Чарли Буфе го контактирал Маестри по телефон во неговиот дом во Мадона ди Кампиљо во Италија. Ова е дел од нивниот разговор – едно од првите интервјуа по повторувањето на насоката во 2005 година.

Каков е вашиот одговор кон алпинистите кои минатата есен се искачија на Черо Торе и сега се сомневаат во тоа дали Вашето искачување било вистина?

Мислите на Ермано Салватера? Не го тужев поради тоа што не сакав да му нанесам зло на алпинизмот. Сакам да бидам јасен: јас се борам со принцип. Ако тие се сомневаат на моето искачување, тогаш јас се сомневам на сите алпинистички искачувања.

Што мислите со тоа?

Ако се сомневаат во моите искачувања, тогаш јас се сомневам во вистинитоста на сите големи соло искачувања. Тогаш јас ќе морам да се запрашам дали навистина се случиле сите тие соло искачувања на Меснер на пример – ќе се сомневам во сé.

Велите дека секогаш треба да им се верува на алпинистите?

Секако. Но не поради мене и мојот случај. Кој може да ми докаже дека Меснер се качил на врвот на Еверест?

Меснер имал фотографии.

Не ми е грижа за тоа. Знаете дека фотографиите можат да се преправат. Ништо не докажуваат со фотграфии. Помеѓу мене и Вас, Меснер е вистински …. Тој го видел Черо Торе само на снимањето на филмот на Херцог и тоа од далечина - од хелихоптер. Еднаш му кажав: „Меснер, токму момци како тебе ставаат негативна слика за Черо Торе – тие кои ниту стапнале на врвот.“ Тој треба да молчи и ако се сомнева во моето искачување, тогаш јас се сомневам во целата негова кариера која и не е толку чиста како што изгледа.

Салватера вели дека не нашле експанзиони клинови над Седлото на Освојувањето.

Тие водат кампања против мене во медиумите и сега ќе ги тужам за омаловажување и клевета. Навистина сум преморен од тие работи и доста беше. Ми го уништија животот.

Како вие ја објаснувате контроверзната 1959 година?

Таа контроверзија е создадена од сите тие…. Јас не сум како нив. Во целиот мој живот не сум рекол ниту една лага. Сите знаат дека сум искрен и верен човек и никогаш не сум се обидел да уништам некого за да ме има по насловните страни. Мене ме имаше во насловите поради тоа што бев најсилниот соло качувач во целиот свет. Ме разбирате?

Може ли да ве прашам како го објаснувате фактот што немало екпсанзиони клинови над Седлото?

Слушајте ме внимателно: Кога се качувавме во 1959 година северната страна на Черо Торе беше солидна маса на снег и мраз. Ние се качивме по тоа поради тоа што Егер беше најдобриот качувач по мраз во светот. Токму тоа и ни беше во корист – времето беше многу лошо во период од три недели и Черо Торе беше со мраз… Навистина не ми е гајле – веќе сум објаснувал за ова. Не можете да разберете.

Како тогаш сте се обезбедувале?

Копавме дупки во мразот и ги поставувавме цепините хоризонтално внатре. Фиксиравме јаже на нив и ги покривавме со снег и мраз сé додека таа дупка не замрзнеше

Никогаш не сум слушнал некој да качува така на таква стрмнина и експонираност. Како се симнувавте?

Прво – стававме клинови. Имаше пукнатини во мразот. Исто така ставивме и осум експанзиони клинови и направивме дупли абзели од 120 метри. Како е возможно во таа вертикала од 1000 метри некој да најде 8 експанзиони клинови. Ако не ми веруваат тогаш треба да се сомневаме во целиот алпинизам. Јас така мислам – но не поради мене самиот. Ако не му веруваме на еден алпинист – тогаш не треба да им веруваме на сите други. Ме разбирате?

Дали во вашата книга пишувате за овие клинови?

Не мора да објаснувам ништо. На никого не му должам ништо. Можат да измислат што сакаат – има клинови, нема клинови – не ми е гајле. Тоа што јас направив беше најголемото доживување во светот. Тоа го направив сам. Но тоа не значи… дека се качив на врвот- ме разбирате? Дали сум јасен?

Не разбирам. Имате кажано дека сте оставиле конзерва на врвот?

Мислите дека после 50 години некој ќе најде конзерва таму? Ама ајде!

Дали очекувате дека некој ќе најде нешто таму?

Не ми е гајле – може да ми веруваат и да не ми веруваат. Не ми е гајле. Јас го почитувам принципот дека ако се сомневаме во нечие искачување – не мислам на моето – тогаш треба да се сомневаме во сите други.


Знаете дека многу луѓе во светот на алпинизмот би разбрале дека постојат многу причини зошто не сте стигнале до врвот – исто така причина може да е и смртта на Егер.

Што по ѓаволите сакате да ви кажам?

Да завршиме. И да речеме дека не сте стигнале до врвот вие сепак останувате врвен алпинист.

Не го прифаќам тоа. Зошто вие не качувате таму? Со Салватера и тој … Гариботи. Одете таму и барајте. Ќе видите. Пријатно и благодарам…

Copyright © 2005 Alpinizam.org