На оваа тема:
- Турно и БЦА ранци (јан/2016),
|
Болдер и БЦА
-02.10.2016г. Игор Т.
Имав два дена на располагање пред Меѓународната работилница за снежна наука во Брекенриџ – за посета на Болдер и компанијата БЦА (BCA: Backcountry Access).
Болдер ми легна ептен :)! Прекрасен град со изразена „аутдор“ енергија, како впрочем и Колорадо воопшто како држава. Некаков показател за тоа се дел од организациите и компаниите кои свое седиште си нашле во овој град: Асоцијацијата на Аутдор индустријата (основана од 14 големи аутдор компании во 1989 година, а денес со повеќе од 1200 членки), Асоцијацијата на американските планински водичи, Келти, Сиера Дизајнс, БЦА, С2С, можеби најпознатите списанија: Ски, Паудер, Клајмбинг, Фрирајд, Бекпекер, Аутдор... И многу други знајни и незнајни. Со својата местоположба на надморска височина од околу 1700м, број на население од околу 100000 жители и „даун таун“ чии згради сосема малку се издигнуваат над линијата на градското зеленило, а остатокот од градот „не се гледа“ (види фотка десно) – дефинитивно во моментов води на листата на места во кои би можел да живеам таму преку барата.
Во тие два дена за жал повторно (исто како и лани кога поминав еден ден во ова место) не можев да се организирам да качувам на Флетајронс – карпеста формација на допир од градот (фотка десно): локалитет со предизвикувачки плочести страни и во кој се качува во чист стил. Но, можеби – „трета среќа“ :)
Цел на оваа посета на Болдер ми беше посета на седиштето на БЦА. Во јануари оваа година за време на ИСПО во Минхен, имав средба со основачот на компанијата, Брус Еџерли и со него договоривме пред работилницата во Брекенриџ, кога веќе доаѓам во Колорадо и слетувам во Денвер - да ги посетам во Болдер (само 40км од Денвер). Имам голема почит кон Брус, стекната поради неговиот карактер и ставови слушнати во неколку разговори и ми беше навистина чест да бидам негов гостин тие два дена. Супер скромен човек, кој прво ме покани на дружење со ски заедницата во Болдер (каков екстремно голем ентузијазам имаат таму дечките не се опишува :)) за време на проекцијата на филмот „Ruin and rose”, а потоа следниот ден и на приватна турнеја во просториите на БЦА: канцелариите и производството.
Брус Еџерли во просториите на БЦА - пред „музејот“ на лавински пребарувачи кој го имаат
составено на ѕидот во еден од ходниците
:)
Во неговата рака: БЦА Трекер ДТС - револуционерниот. прв дигитален пребарувач!
БЦА е одличен спој на луѓе кои се посветени кон иновации во областа на лавинската безбедност и кои тоа го работат со голема пасија – која доаѓа од искрената вљубеност во аутдор/ски спортовите. Од моментот кога на пазарот го претставуваат првиот дигитален пребарувач, кој во голема мера го олеснува и забрзува пронаоѓањето на затрупан човек од лавина (во 1997мата година: супер познатиот модел Трекер ДТС, достапен преку Аутдор.мк и во Македонија), до ден денес - нивната посветеност е огромна: како кон нови производи, но така и кон едукација на луѓето кои практикуваат снежни спортови за основните безбедносни пракси и користењето на опремата!
БЦА денес гордо е „компанија со најголема доверба во сегментот на безбедност во планина“ и во својата понуда покрај 3те пребарувачи (барем во моментов, а инаку се шушка и нешто друго :)), тие исто така ја имаат и серијата на Флоат ранците со воздушни перничиња, со одлично пристапна цена за ваков тип на ранец на пазарот, потоа избор на должини и материјал на сонди, лопати, систем за комуникација итн.
Поминав два прекрасни дена во Болдер, после кои по остварените средби со тие луѓе – ми се „зацементира“ високото мислење и почит кон сите нив.
Во производството на БЦА (BCA: Backcountry Access) - Болдер, Колорадо
|