На оваа тема:

- Кратко претставување на БОРЕАЛ;

- Дел од моделите кои се продаваат на Outdoor.mk

Share

Бореал - вистински избор!

-16.04.2012г., Игор Т.

Ола! Outdoor.mk во Македонија ќе понуди модели на патики за качување од шпанскиот производител Бореал. Патиките веќе се во продажба и имам голема чест и задоволство да можам да ви ги претставам моделите кои се нудат.

Мојата приказна со Бореал...

Тоа пред сé се должи на фактот што уште од самиот почеток користам Бореал (ако го скокнам периодот кога качував со „шангајки“ со залепена гума од онаа што се користеше во постарите автобуси на ЈСП за под – да, од таа црвената, ако на некој му текнува...). Се работи за огромната класика Балет Голд и овие патики ги користам веќе 12 години. Пресреќен сум што одговорија во целост на сé што го планирав и качував низ годините и навистина имав проблем да размислувам да најдам достојна замена. Пресреќен сум и поради фактот што кога ги купував, а беа мои први патики и немав претстава што навистина значи тоа „патика за качување“, всушност не ги пробав на нога, туку ги порачав да ми бидат донесени од Словенија, користејќи го правилото од тоа време „да бидат пола број до цел број помали од бројот на патики за низ град“! Фиу – какво олеснување беше тоа кога во првиот момент, патиките легнаа како скроени за мене. И потоа само следуваа радости и радости по разно-разни вертикали...

Имав навистина проблем да ги сменам. Не верував во ништо друго. Тоа што правев во сите овие години (со нив направив 600 и кусур искачувања на долги насоки и неброени кратки насоки – на различни типови на карпи) беше всушност само менување на гумата (која беше повторно најчесто од Бореал и тоа моделот ФС Кватро, која ја купував од Бугарија). Тоа секако не можеше да оди до недоглед бидејќи после толку малтретирање на терен и лепење и прелепување на гумата, патиката почна да го губи својот фит, а и почна да се поткинува и веќе беше болно да се носи... Да ве потсетам дека зборувам за период од 12 години!!! И не знам дали е смешна или трагична таа ситуација, но како и да е – таа е... Едно од последните поголеми искачувања кое го направив минатата година беше и тоа на Пиц Бадиле, кога со Весна и двајцата носевме патики на Бореал: јас моите Балет Голд, а Весна качуваше со многу популарниот модел Џокер.

Среќен сум што по реализираните контакти со Бореал и договорената соработка со нив и можноста да се понуди сериозен бренд на патики за качување во Македонија, во тие разговори успеав да си се снабдам со нови патики од нив – и тоа посебно што повторно се работи за моделот Балет Голд кој ја користи гумата ФС Кватро.

Препорачувам Бореал да биде и ваша приказна

Секако без делот на порачување и купување, а без претходно да имате пробано. Сега барем тоа е лесно, со оглед на тоа што патиките се на располагање кај нас. Во моментов тоа се пет модели: Џокер – на врзување и со велкро, Кинтаро – машки и женски модел и Линкс.
Верувам дека Џокер во догледно време би станал нова класика. Тоа е навистина една универзална патика која има многу комфорен фит, а сепак дава одлична прецизност во качувањето при користењето и на најмалите стојалишта. Основата е рамна и тоа ги прави посебно добри за целодневни авантури – независно дали се работи за пониски локалитети со потешки насоки, или пак долги насоки со повеќе должини (ве потсетувам дека Весна лани беше со тој модел на Пиц Бадиле). Одлична патика за почетници кои можеби покрај другото ќе сакаат да почнат и со нешто поевтино (во моментов промотивната цена им е околу 70 евра), но верувам дека тоа е патика која ќе ги радува потоа со години.

Овде би сакал да го додадам и тоа дека барем во Скопје, низ годините, неколку чевлари станаа добри мајстори за менување на гума на патиките за качување и мислам дека било која инвестиција – почнувајќи од оваа поевтината со Џокерот, па сé до малку поскапите модели на патики за качување е многу исплатлива, бидејќи како што можевте да видите, со менување на гумата во вистинско време, патиката може да ја користите и неколку години, а сепак нејзините перформанси да не бидат намалени. За оваа цел, покрај патики, Outdoor.mk од Бореал ги нуди и гумите ФС Кватро и Зенит...

Со ова само сакам да ве охрабрам да размислувате така, вашиот избор од самиот почеток да биде проверен и докажан бренд и да не купувате било какви патики за качување, само поради тоа што тие биле малку поевтини. Цената кај патиките за качување не треба да ви биде одлучувачки фактор, туку фитот и перформансите на патиката, кои во голема мера знаат да се одразат на создавањето или усовршувањето на техниката на вашето качување. Сигурен сум дека ако веќе сте пробале барем еднаш да качувате, веднаш сте увиделе или самите или пак поискусните околу вас ве советувале - повеќе да ги користите нозете. Качувањето во голема мера зависи од добриот избор на стојалишта, а тоа пак во голема мера зависи од добра патика и добра гума на таа патика. Поради тоа – многу е важно да не се прават никакви импровизации и веднаш, уште од самиот почеток да се купат проверени и квалитетни модели на патики од докажани производители.

Да се навратам на моделите...

Нешто поголем комфор помеѓу Џокерот со врвки и тој со велкро има кај вториов модел, кој е со дополнителна облога во делот околу зглобот, а исто така и лепенките овозможуваат брзо и едноставно вадење и затегнување на патиката кога сте на сидриште или пак во некоја слична ситуација, кога не ви треба нешто да ве стега околу стопалото...

Покрај овие две убави и универзални  моделчиња кај кои се нуди таква опција – едните се на врзување, а другите со користење на лепенки, истиот принцип на избор е задржан и кај најдоброто од Бореал во моментов. Тоа се моделите Кинтаро и Линкс. Една заедничка работа за овие два модели е тоа што ја користат најлепливата гума во моментов на пазарот – „магичната“ Зенит, која е со дебелина од 5мм или 5,5мм во зависност од големината на патиката.

Генерално сé друго е различно, а еве ги основните разлики: Кинтаро патиките користат лепенки за затегнување, а Линкс – врвки. Кинтаро патиките се со малку подвиткана основа т.е. тие се свртени надолу што им овозможува многу прецизна поставеност на стопалото и во најпревисни ситуации и на најмали стојалишта, а Линксот е со порамна основа и всушност е одлично решение за секој кој само сонувал во една патика да има силни перформанси и во кратки и во долги насоки со големи тежини. Кај Кинтарото има и женски модел кој е посебно направен да одговара на различното женско стопало и тој момент во голема мера да помогне во што подобри перформанси при качувањето и кај понежниот пол.

Како за почеток, верувам дека овие модели можат да задоволат широк спектар на вкусови. Сепак, сигурен сум дека Outdoor.mk нема да застане овде и сигурен сум дека ќе се понуди и нешто повеќе.

Тоа што е најважно е следново: Бореал, своите патики за качување (како и планинарските и алпинистичките чевли) ги произведува во својата фабрика во Шпанија и секој модел кој можете да го погледнете на нивната официјална веб страна, можат во многу брзо време да го произведат и да го имате на располагање за кратко време. Ако има некој модел кој конкретно во моментов ве интересира или пак сте член на некој клуб кој во скоро време планира некаква акција за која е потребен било кој модел од програмата на оваа компанија, контактирајте со Outdoor.mk и сите модели кога се работи за таква посебна порачка ќе бидат достапни по специјални цени...

А кога сме кај цените, како што беше споменато, во моментов тие на сите споменати модели се промотивни и не смеат да се пропуштат, затоа што: „There is no charge for awesomeness... Or atractivness!" - Po, The Kung Fu Panda

Ајде сега сите на Бореал! :)

Copyright © Alpinizam.org