На оваа тема:

- Кратко претставување на БОРЕАЛ;

- Дел од моделите кои се продаваат на Outdoor.mk

Share

Сo шпански темперамент

-27.03.2012г.

Бореал е оформена како специјализирана компанија за производство на чевли за планински спортови во 1975-тата година. Директорот и основач на компанијата, Хесус Гарсиа Лопез, со помош на Мигуел Анхел Гарсиа Галего, ги произведоа првите прототипи на леплива гума во периодот од 1975-тата до 1976-тата година и тие беа користени во неколку искачувања. Првиот модел на патика за качување на Бореал се викаше „Ел Капитен“.

Во тој период на пазарот не постоеше друг модел на патика за качување со рамна леплива гума, а Бореал го започна тој експеримент од едноставната потреба да се зголеми лепливоста на гумата што беше и клучен момент во развојот на овој спорт. При тоа подеднакво важно беше и тоа гумата да си ја
задржи и цврстината и да биде отпорна на триење.

Мигуел Анхел Галего во периодот од 1975-тата до 1976-тата година со прототипите на овие гуми направи неколку искачувања, а во 1978-мата и 1979-тата направи искачувања и на насоките „The Nose” и „Salathe”.

Во 1980-тата година, Хесус Гарсиа Лопез го дизајнираше и произведе конечниот прототип на гума, митскиот модел кој беше именуван Firé. Името на гумата не доаѓа од англискиот збор “fire”, туку од името на локалитетот Mallo Firé во Шпанија, кој претставува спектакуларна карпеста игла висока 300 метри и која е црвено жолт конгломерат и на која беа искачени некои од најтешките насоки во Шпанија и Европа.  

Во текот на следната година (1981-вата), браќата Галего со овие патики за качување искачија нова насока во лево од „Носот“ и тоа беше прва насока на Ел Капитен искачена со лепливата гума Firé и прва насока која не беше качена од Американци. Беше именувана „Медитеранео“.

Во следните неколку дена, тие им ги претставија своите патики на многу качувачи во познатиот Камп 4. Еден од нив, Џон Бакар, беше многу импресиониран и откако ги проба патиките на познатиот болдер „Midnight Lightning”  тој стана долгогодишен соработник на Бореал заедно со Мајк Грахам кој беше првиот дистрибутер на Бореал во САД.

Подоцна, Бореал дизјанираше и произведе многу технички патики – револуционерни и легендарни модели кои беа вклучени во процесот на искачување на највисоките технички тежини и тоа се моделите како Ninja, Ace, Laser…

Бореал секогаш имал многу добра соработка со качувачите, но секако беше потребна личност како Хесус Гарсиа Лопез со неговата индустриска и комерцијална визија и со својата пасија и работен капацитет да започне ревослуција која имаше силен импакт во тоа време.

Многу важна улога во развојот на сите патики и гуми на Бореал беше и искуството кое со компанијата го споделуваа некои од најдобрите качувачи во светот: Гулич, Мофат, Бакар, Курт Алберт, Лин Хил, Хирајама, Дестивел и многу други.

Пред три години, во 2009-тата, Бореал започна да работи на проектот Зенит. Целта беше јасна – повторно да се развие најлепливата гума за патики за качување. Гумата требаше исто така да ги задржи своите квалитети и на многу ниски и на многу високи температури, а исто така и да биде отпорна на триење како што е на пример гумата на Бореал, FS Quattro, која се користи во повеќето патики на оваа компанија.

Зенит гумата беше прв пат претставена на саемот во Фридрихсхафен во 2011-тата година, заедно со моделите на патики кои ја користат: Кинтаро и Линкс. Зенит ќе им овозможи на качувачите да почувствуваат комплетно нова димензија во својството на триење на гумата на патиките за качување. Таа ги задржува своите квалитети на секакви температури и е отпорна на триење.

Првите патики со гумата Зенит, новите Кинтаро и Линкс, почнаа да излегуваат од фабриката на Бореал во Шпанија (каде Бореал ги произведува сите свои чевли и патики) во јануари оваа година, а еве веќе од оваа недела благодарение на Outdoor.mk ќе бидат доспатни и во Македонија по супер промотивни цени!


Copyright © Alpinizam.org